Во неделата, 7 август 2022 година по молитвата Ангел Господов, папата Фрањо го поздрави успешното спроведување на договорот меѓу Русија и Украина, со посредство на Турција и Обединетите нации, со кој се овозможува испловување на бродови со жито и вештачки ѓубрива од украинските пристаништа.
Би сакал да го поздравам заминувањето на првите бродови натоварени со жито од украинските пристаништа. Овој чекор покажува дека е можно да се води дијалог и да се постигнат конкретни резултати за корист на сите. Овој настан е и знак на надеж и искрено се надевам дека по овој пат ќе може да се прекинат борбите и да се постигне праведен и траен мир, рече Папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк