Пораката на Папата до народите на Конго и Јужен Судан: не дозволувајте да ви ја украдат надежта!
Светиот Отец упати порака на денот кога беше закажано неговото пристигнување во Коно, после кое требаше да го посети и Јужен Судан. Заради лекарските упатства, папата Фрањо најави во јуни дека патувањето мора да го одложи.
„Господ знае колку ми е жал што сум принуден да ја одложам оваа толку сакана и очекувана посета. Но да не ја губиме самодовербата и да се надеваме на што побрза средба, што порано,“ му порача на конгоанскиот и јужносуданскиот народ, кој требаше да го посети во рамки на ходочастието на мирот и помирувањето од 2 до 7 јули.
Упатувајќи им видео порака, папата Фрањо нагласи дека во овие недели посебно ги носи во срцето и дека му се во молитвите страдањата кои тие народи веќе долго ги живеат.
„Мислам на Демократска Република Конго, на искористувањето, насилството и несигурноста кои ги трпи, посебно на истокот на земјата, каде продолжуваат вооружените конфликти, предизвикувајќи небројни и драматични страдања, влошена рамнодушност и корист на многумина“, рече Папата.
Мислам и на Јужен Судан на крикот за мир од неговиот народ кој исцрпен од насилството и сиромаштвото, чека конкретни факти од процесот на националното помирување за кое сакам да придонесам не сам, туку со екуменско ходочастие заедно со двајцата драги браќа: надбискупот на Кантарбери и модераторот на Општото собрание на Шкотската Црква.“
Обраќајќи им се на саканите пријатели од Конго и Јужен Судан, Папата во пораката рече дека зборови во тој момент не се доволни за да ја пренесе близината која сака да ја изрази љубовта која кон нив ја чувствува.
„Би сакал да ви кажам: Не дозволувајте да ви ја украдат надежта! Не дозволувајте да ви ја украдат надежта! Помислете, вие кои сте ми толку мили, колку сте скапоцени и љубени во очите на Бог кој никогаш не ги разочарува оние кои во него ја стават надежта!“
Сите имаат своја мисија, истакна Папата започнувајќи од политичките лидери: да свртат страница за да остварат нови патишта – патишта на помирување, на простување, на мирен соживот и развој. „Тоа е посланието кое треба да се преземе гледајќи заедно во иднината, во многу млади луѓе кои ја населуваат вашата раскошна и ранета земја, исполнувајќи ја со светлина и иднина,“ рече Папата. Тие сонуваат и заслужуваат тие соништа да им се остварат, да видат денови на мир. Посебно заради нив истакна Папата, треба да се одложи оружјето, да се надмине огорченоста и да се пишуваат нови страници на братството.
На крајот Папата нагласи дека нивните солзи и молитви кои се воздигнуваат кон Небото не се бескорисни.
Веќе сега, чекајќи ја средбата со вас, молам неговиот мир да слезе во вашите срца, додаде Светиот Отец. „Додека од ден на ден расте очекувањето да ги видам вашите лица, да се чувствувам како дома во вашите живи христијански заедници, сите вас да ве прегрнам со своето присуство и да ги благословам вашите земја, мојата молитва се зголемува, како и мојата наклоност кон вас и кон вашите народи,“ ја заврши пораката папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк