По повод Денот на Богопосветените лица бискупот Стојанов предводеше Литургија на Словото

По повод Денот на Богопосветените лица бискупот Стојанов предводеше Литургија на Словото

По повод Светскиот ден на Богопсоветените лица Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх во вечерните часови во среда 2 февруари 2022 година на програмата на Радио Марија ја предводеше Литургијата на Словото, а го придружуваа о. Гоце Костов, директор на Радио Марија и Данче Ичева, координатор во Радио Марија.

На почетокот епископот Стојанов истакна: „Денес му благодариме на Бога за дарот на посветениот живот, посебно оние кои животот го посветуваат на Бога, Црквата и посебно за Божјиот народ во Македонија. Тоа е животот на оние кои на посебен начин целосно се ставаат во служба на Бога и ближниот. Пред сè, мислиме на нашите свештеници во Скопска бискупија и Струмичко – скопска епархија, сестрите Евхаристинки сестрите Усмиленки, сестрите Мисионерки на Божјата љубов или попознати како сестри на Мајка Тереза, Марииното дело – Фоколари, но исто така и на други облици на посветен живот во световните институти“ истакнувајќи дека тие се богатството на Црквата.

Во Литургијата на Словото беа опфатени три читања, од Стариот Завет беше земено читање од пророкот Малахија (3,1-4), второто читање беше земено од Посланието на светиот апостол Павле до Евреите (2,14-18), а Евангелието од светиот евангелист Лука (2,22-40). Пред секое читање имаше краток вовед во читањето.

Во продолжение на Литургијата на Словото бискупот Стојанов упати проповед во која го поврза празникот Сретение Господов со богопосветниот живот задржувајќи се најпрво на посветеноста кон Бога од страна на Марија и Јосиф, кој го исполниле законот, а потоа се осврна на праведниот Симеон и пророчица Ана.

Во Молитвата на верните се молеше за свештенците од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија, сестрите Евхаристинки, сестрите Усмиленки, сестрите Мисионерки на љубовта, за сите членови на машките и женските световни институти, децата и младите, како и за покојните свештеници и Богопосветени лица.

Литургијата на Словото заврши со молитва за обнова на монашките завети и благослов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот