На првиот ден од престојот на Кипар, папата Фрањо ќе се сретне со локалното свештенство и катехисти, ќе го посети шефот на државата и ќе се сретне со претставници на властите и дипломатскиот кор.
Татковината на свети апостол Варнава по втор пат го пречекува Наследникот на свети Петар. Во 14.52 часот по локално време, авион со папата Фрањо слета на меѓународниот аеродром во Ларнака, главниот аеродром на островот. Неговиот претходник Бенедикт XVI беше првиот папа што стапна на Кипар од 4 до 6 јуни 2010 година.
Поглаварот на Католичката црква во близина на скалите го пречека шефицата на кипарскиот парламент, Анита Деметриу. Деца во народни носии му подарија цвеќе. Официјалната средба на аеродромот не вклучуваше говори, само поздрави од делегациите, по што во ВИП просторијата на аеродромот се одржа приватен разговор меѓу папата Фрањо и претседателот на Претставничкиот дом на Кипар.
Од аеродромот Светиот Отец замина во Маронитската катедрала во Никозија, главниот град на земјата, каде ќе се сретне со свештенството, посветените лица, катехистите и црковните претставници. Последниот настан од првиот ден на Папата на Кипар ќе биде куртоазна посета на шефот на државата и средба со претставници на властите, дипломатскиот кор и граѓанското општество во Претседателската палата.
Ватикан њуз/к.мк