Во вторник 30 ноември 2021 година во организација на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“ се одржа состанок на свештениците од Струмичко – скопската епархија, кој го предводеше монсињор д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, а беше поврзан со првата фаза од синодалниот од на Црквата во Македонија.
На почетокот од состанокот бискупот Стојанов ги пренесе поздравите од Апостолскиот нунциј за Македонија, надбискупот монсињор Анселмо Гвидо Пекорари и се заблагодари на сите за активното и вредно учество при советувањата. Тој исто така го потенцира задоволството од големото учество на верниците и им изрази благодарноста на нив, но и до сите останати кои го дадоа својот придонес во синодалниот прецес.
Отец Гоце Костов, извршен координатор на синодата, се заблагодари на беспрекорната соработка и го претстави хронолошкиот тек на синодата, како и синтезата од прашалникот наменет за Генералниот секретаријат на Епископската синода во Рим, при што истакна дека благодарение на сите пристигнати записници беше возможно да се направи и потребната синтеза.
Деканот отец д-р Зоран И. Стојанов го претстави планот за работа на групите во текот на наредните месеци, а истовремено се додадени и три нови работни групи на веќе постоечките, кои што излегоа како потреба, а се плод од работата на синодата.
Ватикан њуз/к.мк