Како верник, но и од теолошка гледна точка тешко ми е да ја поврзам задушница со неодењето на света Литургија. Секако дека имаме должност да се грижиме за гробовите на покојните, да се однесуваме со достоинство и внимание, да се одржуваат уредно и украсени… Но, да се биде католик, да се уреди гробот на своите најблиски, да се помолите на гробот и да не одете на света Литургија за покојните на тој ден, е неспоиво со христијанството, уште повеќе со грижата за покојникот. Ако само мислиме дека тоа им е важно на покојните и дека се грижиме за нив затоа што ја полиравме надгробната плоча пред задушница, поставивме пластичен аранжман (…), а водено не сме биле едно со покојните на светата Литургија – џабе сме се фрлале – би кажал народот. Сето тоа е залудно.
Како да сме заборавиле дека во гробовите се наоаѓа она распадливото, она неживото, она што се предава на земјата – прашина од која сме создадени и vо која се враќаме. Секако треба да се грижимe и за смртнитe останки, но многу повеќе е важно со нашите покојни да го живееме животот. Да го живееме животот со сето она што сме го примиле од нашите покојни, добро и убаво, да живееме живот со благодарност кон Бог за нив, што сме ги имале во нашите животи. Затоа е важно да се потсетиме и дека постои едно место на средба со нашите покојни, место и момент во кој се соединуваат небото и земјата. Тој посебен и свет момент во кој заедно со сите ангели и архангели, престоли и господства, со сета небесна војка и со сите небесни сили со заеднички глас, со еден глас воскликнувмае на Бога, славејќи го, а тоа место, тој момент е токму светата Литургија.
Затоа е несфатливо да сакаме да бидеме поврзани со своите покојни, а да не сакаме да присуствуваме на света Литургија, затоа што на гробиштата сепак верувале или не, се поврзуваме само со земните останки, со некои сеќавања, убави спомени, но во Литургијата сум сигурен, се поврзуваме со оние кои веќе сега живеат живот во полнина, имаат вечен живот, додека ние и понатаму таа вечност ја живееме преку овозмескиот живот од кој нашите покојни веќе се ослободени, и живеат живот во полнина, кој не умира, туку живее вечно.
Мислам дека нашите покојни би сакале да бидеме со нив соединети и заедно, таму каде што тоа е возможно, а тоа е светата Литургија, тоа секако е поважно од сѐ друго, од секаков пласитечен цветен аранжман…
к.мк/фра Мате Башиќ