Папата до учесниците на COP26: Младите ќе ја наследат планетата каква што ќе одлучиме да ја оставиме
Папата Фрањо упати порака до присутните на Конференцијата за климатски промени, COP26, во Глазгов, која ја прочита делегатот на Светиот Престол, државниот секретар кардинал Пиетро Паролин.
Кардиналот Паролин започна говорејќи во име на папата Фрањо, додавајќи дека конференцијата има важна задача да ѝ покаже на целата меѓународна заедница дали постои вистинска политичка волја за чесно, одговорно и храбро издвојување на повеќе човечки, финансиски и технолошки ресурси за да се ублажат негативните ефекти од климатските промени и да им се помогне на најсиромашните и најранливите жители кои најмногу страдаат.
Извршување на задачата
Таа задача е тешка, бидејќи мора да се изврши среде пандемија, рече кардиналот. Оваа пандемија нè научи дека мораме сите да учествуваме за да ја доведеме до крај. Животот по пандемија неизбежно ќе се разликува од животот пред неа. Тој живот, нагласи тој, сега мора да го градиме заедно, а можеме да започнеме со признавање на грешките направени во минатото.
Истото важи и за глобалниот проблем со климатските промени. Немаме алтернатива. Целите од Парискиот договор ќе ги постигнеме само доколку дејствуваме координирано и одговорно. Ова се амбициозни цели, но не можат да се одложат. Денеска овие одлуки се на вас, рече кардиналот во име на Светиот Отец.
Промена на периодот
Поминуваме низ промена на период и цивилизациски предизвик, продолжи во својот говор кардиналот, нагласувајќи ја потребата земјите со поголеми капацитети да преземат водечка улога во областа на климатските финансирања.
Кардиналот потоа ја објасни стратегијата усвоена од Светиот Престол за постигнување нето стапка на нулта емисија во два дела: посветеност да се постигне оваа цел до 2050 година и посветеноста на Светиот Престол за промовирање на едукација за целосна екологија, свесни дека политичките, техничките и оперативните мерки мора да се комбинираат со образовниот процес кој, особено кај младите, ќе промовира нови животни стилови кои поттикнуваат културен модел на развој и одржливост кој пак ќе се фокусира на братство и сојуз меѓу луѓето и животната средина.
Ни треба надеж и храброст во справувањето со последиците од пандемијата, рече државниот секретар. Човештвото има средства да се справи со оваа трансформација, а ќе мора вниамтелно да се разгледаат ефекттие кои ќе ги има врз светот на работата.
Внимание кон најранливите
Во оваа насока, посебно внимание треба да се посвети на најранливите популации кои имаат натоварено „еколошки долг“ и на најзагрозената популација. Овој „еколошки долг“ потсетува и на прашањето за надворешниот долг, чиј притисок често го кочи развојот на народот. Во постпандемискиот свет, може и мора да се започне одново, земајќи ги предвид сите овие аспекти за да се постигне развој во кој конечно секој ќе може да учествува, се вели во пораката на папата Фрањо.
Нема повеќе време
Делегатот од Ватикан, кардинал Паролин, дополнително напомена колку сме далеку од постигнување на посакуваните цели во борбата против климатските промени. Не можеме тоа да си го дозволиме. Многу моменти пред Конференцијата COP26 покажаа дека нема повеќе време, рече кардиналот. Тоа, исто така, има криза во правата на децата, а во блиска иднина, еколошките мигранти ќе бидат побројни од оние кои бегаат од војна и конфликт.
Иднината на младите
На крајот од пораката на папата Фрањо стои дека младите, кои во последните години повикуваат на акција, ќе ја наследат само онаа планетата која ќе одлучиме да им ја оставиме, врз основа на конкретните одлуки што ги носиме денес.
Ватикан њуз/к.мк