Папата по повод конференцијата КОП26: Потребно е брзо делување

Папата по повод конференцијата КОП26: Потребно е брзо делување

По повод Конференцијата за климата КОП26 папата Фрањо испрати до британската радиотелевизија BBC аудио-видео порака во која ја истакнува надежта за обновена глобална солидарност со цел донесување на радикални одлуки кои ќе ни помогнат да излеземе од трансверзалните и меѓусебно поврзаните кризи со кои се соочува светот. Патот по кој треба да одиме е преобраќање кое не е само духовно.

„Совршена бура“ го зафати светот, бура предизвикана од климатските промени и пандемијата со болеста Ковид-19, бура која ги раскинува врските на општеството, поттикнувајќи повеќекратна криза: здравствена, еколошка, прехранбена, економска, општествена, хуманитарна и етичка. Со тој драматичен приказ папата Фрањо ја започнува аудио-видео пораката која во рамки на една рубрика на радиото ја објави британската радиотелевизија BBC во поглед на 26 Конференција КОП26 за Рамковната конвенција на Обединетите нации за промена на климата (UNFCCC). Собирот ќе се одржи во Глазгов, во Шкотска од 31 октовмри до 12 ноември.

Нашите сигурности исчезнаа, нашиот апетит за моќ и нашата силна желба за контрола се распаѓаат – напомена Папата и изрази желба за визија, способност за планирање и брзина за остварување за повторно да се разгледува иднината на нашиот заеднички дом. Затоа треба да се откажеме од изолирање, протекционизам и искористување – рече Папата, напротив треба да се поттикнува на способноста за сфаќање на вистинските прилики за преобразба, вистинската точка за преобраќање и тоа не само во духовна смисла.

Тој е единствениот пат кој води кон блескав хоризонт, а може да се следи единствено преку обновена глобална соодговорност, преку нова солидарност заснована на праведноста, преку учество во заедничката судбина и преку свеста за единството на човечкото семејство кое е Божјиот план за светот. Станува збор за предизвик на цивилизацијата во корист на општото добро и промена на перспективите, кои во центарот на секое наше делување треба да го стават достоинството на сите, денешни и утрешни, човечки битија.

Папата затоа поттикна на заедничко градење затоа што како што рече, од кризата не можеме да излеземе сами; освен тоа не постојат граници, перспективи или политички ѕидови внатре во кои е можно да се сокриеш. Освен тоа го спомна заедничкиот апел потпишан на 4 октомври со верските лидери и научниците, за да потсети на поодговорно и подоследно делување на климатското подрчје затоа што не можеме да дозволиме генерации да живеат во ненаселив свет.

Во заедничкиот апел потсетивме на потребата од одговорно ангажирање во корист на „културата на грижа“ за нашиот заеднички дом и за нас самите, настојувајќи да ги искорениме семињата на конфликтот: алчноста, рамнодушноста, незнаењето, стравот, направдата, несигурноста и насилството. Но, толку итна промена на насоката – истакна папата Фрањо, бара ангажирање на сите, ангажирање кое треба да се зајакнува со сопствената вера и духовност. Вистина е дека политичарите кои ќе учествуваат на конференцијата КОП26 се итно повикани да дадат делотворни одговори на еколошката криза во која живееме и конкретна надеж за идните генерации, но исто така е вистина и дека одговорноста е глобална.

Сите ние – добро е тоа да го повториме, без разлика кој каде е – можеме да имаме улога во промената на нашиот заеднички одговор на до сега невидената закана од климатските промени и пропаѓањето на нашиот заеднички дом – истакна папата Фрањо.

Потсетуваме на крајот дека конференцијата за климата КОП26 требаше да се одржи во ноември 2020 година, но заради пандемијата е одложена за оваа година.

Ватикан њуз/к.м

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот