Во Лисабон е објавен датумот за Светскиот ден на млади во 2023 година

Во Лисабон е објавен датумот за Светскиот ден на млади во 2023 година

Следниот Светски ден на млади во Лисабон ќе се одржи од 1-6 август 2023 година. Главниот град на Португалија и сите 21 бискупии во земјата очекуваат млади поклоници од целиот свет. Веќе 400 волонтери започнаа да работат на подготовките.

„Со задоволство можеме да објавиме дека Светскиот ден на млади во Лисабон ќе се одржи од 1 до 6 август 2023 година. Објавувањето на датумот за Светскиот ден на млади (СДМ), е на денот на Свети Фрањо од Асизи и е многу важен момент за сите нас. Бидејќи веќе долго време, младите момчиња и девојки од целиот свет сакаа да го знаат датумот на СДМ 2023 година, со цел детално да го испланираат своето патување во Лисабон. Се надеваме дека 22. месеци што нѐ делат од СДМ ќе бидат период на евангелизација за сите“, се зборови на Лисабонскиот патријарх, кардиналот Мануел Клементе, цитирани во соопштението за печат.

Во соопштението за печат се наведува дека работните групи кои се членови на Локалниот организационен комитет, извршно тело за подготовка и реализација на СДМ 2023, веќе брои повеќе од 400 волонтери, од кои повеќето се Португалци. Исто така, постојат локални организациски комисии во секоја бискупија.

Официјалното објавување на датумот е еден од клучните моменти на подготовка. Во текот на минатата година, беше објавено логото (октомври 2020 година), предавањето на симболите од млади луѓе од Панама до врсниците од Португалија (ноември 2020 година) и објавување на официјалната химна на СДМ (јануари 2021 година).

Светскиот ден на младите е основан од Свети Иван Павле Втори во 1985 година, а првиот се одржа во Рим следната година. Потоа следуваат Буенос Аирес (1987), Сантијаго де Компостела (1989), Честохова (1991), Денвер (1993), Манила (1995), Париз (1997), Рим (2000), Торонто (2002), Келн (2005), Сиднеј (2008), Мадрид (2011), Рио де Жанеиро (2013), Краков (2016) и Панама (2019).

На крајот од средбата во Панама, кардиналот Кевин Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, објави дека следната средба летото 2022 година ќе се одржи во Лисабон. Меѓутоа, пандемијата „Ковид-19“ ги отежна подготовките, така што средбата е одложена за 2023 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот