Папата Фрањо испрати писмо до врхбосанскиот надбискуп, кардинал Винко Пуљиќ, во кое се заблагодари за зборовите за поддршка и молитва за време на лекувањето на Светиот Отец во римската болница „Џемели“, објави Врхобосанската надбискупија во среда 18 август.
Во писмото, потпишано од кардинал Пиетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол меѓу другото стои: Римскиот првосвештеник сака да ви се заблагодари од срце за братскиот гест, посебно за спомнувањето во молитвите, посакува на Вашата еминенција и сите оние кои ви се доверени во пасторалот, избилство на дарови од Духот и од срце ви упатува апостолски благослов.
За потсетување, папата Фрањо беше примен во болницата Џемели во Рим на почетокот на јули, каде што беше опериран на дебелото црево. Додека беше на лекување кардинал Пуљиќ му упати зборови на поддршка, за што Светиот Отец искрено му се заблагодари.
Ватикан њуз/к.мк