Состојбата на американскиот кардинал Рејмонд Бурк (73), кој е заболен од „Ковид-19“, е „сериозна, но стабилна“. Тој е згрижен „одлично медицински и светотаински“. Во среда преку неговиот Твитер профил е побарано повторно да се молат за кардиналот. Последната вест во неделата беше дека кардиналот во болницата е поставен на респиратор.
Кардинал Бурк минатата недела објави на Твитер дека е заразен со корона вирусот. При тоа поранешниот претседател на Врховниот суд на Ватикан истакна дека има „одлична“ медицинска нега.
Кардиналот е одлучен критичар на ограничувачката политика за корона и скептик за вакцина. Тој одбива општа задолжителна вакцинација. „Мора да биде јасно дека вакцинацијата не може да им се наметне на граѓаните на тоталитарен начин“, рече тој на една дискусија во Рим пред околу една година.
Кардинал Бурк постојано се противеше на забраните за богослужби со цел да се спречи пандемијата и ги критикуваше тенденциите за поистоветување на молитвата, богослужбите и светите Литургии со „обичните забавни активности како што се кино или фудбал.“
Ватикан њуз/к.мк