Иван Јурковиќ 69 годишниот надбискуп од Словенија поранешен нунциј во голем број земји извршуваше многу важни должности, меѓу кои и преставник на Светиот Престол при Организацијата на обединетите нации и во други меѓународни организации.
Папата Фрањо го именува за апостолски нунциј во Канада надбискупот Иван Јурковиќ досегашен постојан набљудувач на Светиот Престол при Канцеларијата на Обединетите нации и посебните институции во Женева и при Светската трговска организација. Освен тоа беше и претставник на Светиот Престол при Меѓународната организација за миграција.
Надбискупот Јурковиќ е роден во Кочевје во Словенија, за свештеник е ракоположен во 1977 година. Откако дипломирал теологија на Универзитот во Љубљана формацијата ја продолжил како дипломат на Папскиот универзитет. Во дипломатската служба на Светиот Престол влегува во 1984 година и бил на должноста секретар во папското претставништво во Јужна Кореја. Во 1988 година се стекнува со титулата доктор по канонско право и до 1992 година бил во служба на финансискиот ревизор во папското претставништво во Колумбија.
Од 1992 до 1996 година бил советник во апостолската нунцијатура во Русија. Интензивно делувал и како универзитетски професор (по канонско право, филозофија, теологија и историја) и во тоа време објавил неколку книги. Освен тоа бил советник во ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка во Европа.
Свети Иван Павле II на 28 јули 2001 година го именува за надбискуп на Крбаве и апостолски нунциј во Белорусија. Епископско посветување примил во октомври истата година, во Љубљана преку рацете на кардиналот Анџело Содано, а во 2004 година му е доделена службата нунциј во Украина. За нунциј во Русија е именуван на 19 февруари 2011 година, година и два месеци по формализација на полните дипломатски односи помеѓу Русија и Светиот Престол. Истата година е именуван и за нунциј во Узбекистан. Папата Фрањо на 13 февруари 2016 година го избира за постојан набљудувач при Организацијата на обединетите нации во Женева, а сега му ја доверува дипломатската должност во Канада.
Ватикан њуз/к.мк