Побожноста кон Пресветото Срце претставува голем историски израз на побожностите на Црквата кон Исус Христос својот Свршеник и Господ. Таа бара темелен став кој се состои во преобраќање и надоместување, љубов и благодарност, апостолска ангажираност и посвета кон Христос и неговото спасително дело.
Јунската побожност е со понов датум. Не е толку стара како мајската која датира уште од блажен Хенрик Сузо (1365), а како јавна побожност одржана е прв пат во 1784 во Ферара во Италија. Едно мајско утро во првата половина од 19 век се молела пред Светата Причест добрата невина душа Анџелка од светиот Крст во Заводот на Нашата Пресвета Богородица во Париз. Молела од Исус милост да ја примат во „институцијата Децата на Марија“. Додека побожно молела, Светиот Дух ѝ вдахнува корисна мисла. Во младешката душа на побожната Анџелка се појавува прашањето: Зошто не би можеле да имаме еден месец во годината кој би бил посветен на Срцето Исусово, кога веќе имаме месец посветен на Мајка Божја?
Оваа благодарна мисла ја соопштила Анџелика на својата поглаварка која тоа го спомнува на надбискупот на Париз. На него тој предлог необично му се допаднал, па затоа и дозволил во 1834 година во неговата надбискупија јуни да се посвети на Срцето Исусово. Гестот на парискиот надбискуп делувал позитивно и на останатите негови истомисленици па јунската побожност започнува да го освојува католичкиот свет. За кратко време побожноста кон Срцето Исусово ја опфатила целата Католичка црква. Папата Пио IX поделил во 1873 година посебни простувања на оние кои ја извршуваат јунската побожност во чест на Срцето Исусово. Истото го направил на 8 август 1906 година светиот Пио X.
Според јасното и недвосмислено изразено начело на врховниот авторитет во Католичката Црква побожноста кон Срцето Исусово е највозвишена од сите побожности која ја поседуваме во своето духовно ниво. Уверувањето на Црквата по оваа прашање го изрази резимирано но одредено Симон Гурда побожен и учен писател во 1711 година. Тој вели: „Помеѓу сите побожности, побожноста кон Срцето Исусово е најсвета, најстара, одобрена, најсовршена, најкорисна, најмила на нашиот Господ и најпотребна.“ Секое од своите тврдења го разгледува јасно и концизно.
Побожноста кон Срцето Исусово вели тој е „најсвета затоа што таа во Исус Христос го почитува она што во Него најмногу духовно го соединува со Неговиот Отец; што е најмногу посветувачко за Црквата…“ За поткрепа на тврдењето дека побожноста кон Срцето Исусово е најстара побожност доволно е да се сетиш дека таа побожност започнува во оној момент кога војникот го прободува со копје на Голгота. Првите поклоници биле тажната Пресвета Богородица, Иван, Магдалена и побожните жени. Тие ја започнале побожноста кон ранетото Христово Срце.
Побожноста кон Срцето Исусово го носи на себе печатот на најголемите одбрувања затоа што „сите страници на Светото Писмо не ни зборуваат друго, туку дека треба да го обновиме нашето срце… А сето тоа не можеме да го извршиме ако на себе не се поставиме како пример Срцето кое ги има во најеминентна смисла сите тие ретки својства. Такво срце може да има само Срцето Исусово.“
Според уверувањето на спомнатиот писател побожноста кон Срцето на Синот Божји е „најсовршена затоа што е извор на сите други побожности. Срцето Исусово е неизмерна ризница од каде Пресветата Девица и сите светци црпеле милост, добрина, светост“. Оваа побожност е „најкорисна затоа што нѐ учи дека мора да имаме како Исус срце чисто, благо и понизно…“ „Најмила на нашиот Господ“ е побожноста кон Срцето Исусово затоа што „кој е побожен кон Пресветото Срце тој ја чествува и неговата божествена личност“, исправно заклучува продуховниот писател. И на крајот умниот писател тврди дека побожноста кон Христовото Срце е „најпотребна затоа што таа ни помага за да нѐ направи со истиот Исусов дух.“
Битно.нет/к.мк