Папата Фрањо на редовната Генерална аудиенција во среда 24 март 2021 година упати апели по повод терористичките напади во Нигер, поплавите во Нов Јужен Велс во Австралија и Светскиот ден на борбата против туберкулоза.
Со тага во срцето ја примив веста за неодамнешните терористички напади во Нигер во кои се убиени 137 луѓе. Да се помолиме за жртвите, за нивните семејства и за целокупното население заради претрпеното насилство, да не ја загуби довербата на патот до демократијата, правдата и мирот.
Последните денови големите поплави нанесоа големи штети во сојузната држава Нов Јужен Велс во Австралија. Ја изразувам својата близина до луѓето и семејствата погодени од таа несреќа, посебно до оние чии домови се уништени, и упатувам зборови на охрабрување до оние кои се вклучени во потрагата по исчезнатие и давање помош на настраданите.
Денес е Светски ден на борба против туберкулоза. Нека прославата на тој ден даде нов поттик во лекувањето на оваа болест и поттикне на поголема солидарност со заболените. На нив и на нивните семејства ја повикувам Господовата утеха, рече Папата во своите апели.
Ватикан њуз/к.мк