На церемонијата на збогувањето присуствуваше претседателот на Ирак
Апостолското патување на папата Фрањо во Ирак е во завршна фаза. Неколку минути пред 10.00 часот по локално време, авионот на Папата полета од меѓународниот аеродром во Багдад, враќајќи го наследникот на Свети Петар во Рим.
Светиот Отец на аеродромот беше пречекан од ирачкиот претседател Бархам Салих. По краткиот разговор во ВИП салонот на аеродромот, тој го придружуваше Папата до влезот за полетување, каде се прости од официјалните делегации. Локалните католички епископи исто така беа присутни на аеродромот. Светиот Отец последен влезе во авионот и неколку минути подоцна полета за Рим. По приближно пет часовен лет, преминувајќи го воздушниот простор на Турција, Грција и Албанија, ќе слета на аеродромот Чампино во Рим.
Ватикан њуз/к.мк