Годината која остана зад нас за сите нас беше предизвикувачка и работите кои се земаат здраво за готово лесно можат да бидат доведени во прашање. Меѓу нив е и работното место односно вработувањето. Губењето на работното место не е лесно да се прифати и затоа е од исклучителна важност да се има поддршка од семејството и блиските лица во тие моменти.
Губењето работа не значи губење на сонот
Да го следиш својот сон звучи како клише, посебно кога сметките и трошоците за живот се натрупуваат, а истовремено човекот се најде во криза од губење на вработувањето. Многу прашања тогаш навираат во мислите и изгледа дека сонот кој можеби до вчера постоел започнува да исчезнува од видикот на нашите амбиции. Сонот за остварувања на човекот е сличен на талентите кои Господ ги спомнува во Евангелието. Да ги чуваш талентите и да не ги умножуваш би било како да имаш сон, а да не правиш апсолутно ништо тој да се оствари во животот.
Може да изгледа дека заради привремената ситуација на загуба на работата човекот повеќе не може да ги следи своите соништа и да ја работи работата која ја сака, но тоа не значи дека сонот кој во себе го негува треба да го смачка и чува во фиоката на минатото.
Човекот е во постојан развој. Да сонуваш и да се стремиш кон целта ќе те оспособи за цела серија други работи за кои си мислел дека не би можел никогаш да ги направиш. Тоа е возбидлива авантура и Бог знае зошто ни го дава токму тој момент. Важно е да го следиме својот сон, но секогаш да го довериме на Бог. Дали тоа е она што и ти за мене го сакаш Боже? Дали е твоја волја во оваа работа да бидам среќен и да ја промовирам Твојата волја и се што правам да правам за Твоја голема слава.
Пријателот со кој работев остана без работа, започна сопствена работа. Вели дека тоа од секогаш му била голема желба, но никогаш не се осудил да влезе во нешто сопствено, свое. Сведочи дека тоа често е борба полна со неизвесности, но и покрај тоа се чувствува слободен и мотивиран затоа што гледа дека клиентите го препознале неговиот талент и дека работа има. Тоа го охрабрува и мотивира за нови идеи и проекти. Па, го следеше својот сон и се осмели да го направи првиот чекор. Нели тој прв чекор често е и најтешкиот? (…)
Лесно е да веруваш и да му се заблагодаруваш на Бог кога во животот сè оди добро. Како верувам најдобро се гледа во кризните и тешки времиња.
Промената во кариерата често е многу тешко и неизвесно патување и никако не претставува лесна задача. Затоа да го започнеш првиот чекор во новата насока во исто време е многу тешко, но неопходен повик. Исто така важно е личноста да биде опкружена со луѓе во кои има доверба и кои можат да и пружат сигурна поддршка. Тоа за нив и тоа како е еден од клучните ресурси кои можат да и помогнат полесно да остане на нозе.
Активно слушај
Ако некој од вашите ближни ја загубил работата неодамна или се мачи за да пронајде, обидете се да бидете активен слушател и дозволете и на таа личност да го сподели тоа што и е на срцето. Постојат ли некои работи од кои таа или тој се плашат и ако постојат дали има начин на кој би можеле да ѝ помогнете во надминувањето на тие стравови? Ќе им дадете до знаење дека ви се важни ако им овозможите време за разговор и близина со што најдобро ќе им го искажете со своето слушање и совет. Често во тешките ситуации на приме кога некој од блиските личности ќе загуби некој остануваме без зборови. Иако знаеме што би можеле да кажеме како тоа да изгледа сувишно, неефикасно. Понекогаш е доволно само да слушаш и да бидеш блиску. Да сослушаш без многу зборови. (…)
ХКМ/к.мк