Бискупите на Англија, Велс и Шкотска ја повикаа британската влада да се откаже од нуклеарниот арсенал и да го поддржи Договорот за забрана на нуклеарно оружје, кој стапува на сила на 22 јануари 2021 година.
Епископите од Англија, Велс и Шкотска ја повикаа британската влада да се откаже од својот нуклеарен арсенал и да го поддржи Договорот за забрана на нуклеарно оружје, кој стапува на сила на 22 јануари. Во заедничката изјава објавена на веб-страницата, бискипите го нарекуваат договорот историска пресвртница на патот кон нуклеарно разоружување и можност да се фокусираат на вистинското градење мир, вкоренето во дијалог, правда, почитување на човековото достоинство и грижа за нашата планета.
Осврнувајќи се на говорот на папата Фрањо во Обединетите нации, бискупите истакнаат дека отстранувањето на нуклеарното оружје е морален и хуманитарен императив. На крајот, тие се обраќаат на Господа, барајќи од Него да „внесе братски дух во нашите срца“ и да нè оспособи да создадеме поздраво општество и подостоинствен свет без глад, сиромаштија, насилство и војна.
Ватикан њуз/к.мк