Коработ како симбол за Црквата

Коработ како симбол за Црквата

Бродот односно коработ е симбол за Црквата низ вековите. Света Тереза од Лисие во својата автобиографија пишува: „Симболот на кораб секогаш ме воодушевува и ми помага да го издржам прогонството на овој живот.“ Една друга мудрост вели: „Животот е како кораб што минува низ брановите: кога поминува, не може да се најде трага од него“?

Корабите се претставени во христијанската уметност уште од самиот почеток, се појавуваат уште во катакомбите. Биле омилена слика на црковните отци кои го гледале коработ како симбол на Црквата.

(..) Не случајно, местото во секоја црква каде што седат луѓето се нарекува navis – наос. Овој збор потекнува од латинскиот navis што значи брод – кораб и ја покажува реалноста дека Црквата е брод, штитејќи ги оние што се наоѓаат во неа од брановите на светот и дава сигурност.

Во раната христијанска уметност, Коработ на Ное најчесто се користел за да ја претстави Црквата, додека подоцна уметниците го користат настанот кога Исус ги смирува брановите на морето.

Понатаму, Црквата честопати се нарекува „Кораб на Петар“, со Папата на чело на коработ, водејќи ја кон вечните брегови на Небото.

И на крај, коработ се користи во уметноста исто така во контекст со Пресвета Богородица и нејзината титула „Ѕвезда на морето“.

Свети Бонавентура ја опишува оваа аналогија на следниот начин: „О, сиромашен изгубен грешнику, не очајувај; подигни ги очите и упати ги кон оваа прекрасна sвезда; диши повторно со самодоверба, бидејќи таа ќе те спаси од оваа бура и ќе те однесе до пристаништето на спасението.”

Коработ е убава слика што постојано останува со Црквата низ вековите.

Алетеија/к.мк

Категорија: Вера, Духовност
Ознаки брод, кораб, црква

За авторот