Божиќната приказна е многу позната за многумина од нас, но растењето со одредени слики може да го замагли нашиот поглед на она што всушност се случило пред повеќе од 2.000 години. Особено, тоа е вообичаен наратив што го прикажува Јосиф како тропа на врата и се обидува да најде место каде што би можело Марија да го роди Исус.
Сопственикот на локалниот Мотел 6 ја тресна вратата пред лицето на Јосиф, велејќи му дека „нема слободно место“. Тогаш Јосиф конечно наоѓа штала каде што се чуваат животни и ја доведува Марија на скромно место точно на време пред да се роди Исус.
Иако ова е интересна приказна, сепак не одговара на библиските извештаи и оригиналниот грчки текст.
Лука на следниот начин го прикажува раѓањето на Исус: „Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, оти за нив немаше место во гостилница“ (Лука 2,7).
Последниот збор, „гостилница“ е она што обично го поттикнува кажаното погоре. Сепак, англискиот збор не е целосен превод на грчки јазик.
Гостинска соба
Зборот што се користи во оригиналниот текст е каталума и најдобро се сфаќа како „соба за гости“ а не некој вид комерцијална гостилница што се користи за патници. За овој вид сместување, Лука го користи зборот пандокхејон. Покрај тоа, Витлеем бил „родниот град“ на Јосиф и веројатно имал роднини каде би можел да остане.
Но и многу појасно ни укажува и фактот, што многу малку луѓе би сакале да раѓаат во една таква комерцијална гостилница, мотел. Гостилниците во тоа време немале добра репутација и Марија би посакала приватност за ваков интимен настан.
Понатаму, ако внимателното го читаме текстот ни открива дека Јосиф и Марија биле во Витлеем неколку дена пред нејзиното раѓање.
Отиде и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово, 5за да се запише со Марија, свршената за него жена, која не беше празна. А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди (Лука 2, 4-6).
Според Лука, светиот пар веќе бил во Витлеем кога на Марија и дојдело времето да го роди Исус. Со други зборови, тие не брзале да најдат место за престој на Бадник, но барале соодветно место со доволно простор и приватност за раѓањето.
Затоа што пописот на населението ги принуди сите да се вратат дома, „гостилницата“ или „гостинските соби“ биле полни. Марија и Јосиф морале да најдат друго место.
Селските куќи имале и штала
Археолошките студии можат да помогнат да се создаде подобра слика за тоа како изгледале куќите во Витлеем и каде Марија најверојатно се породила.
Типична еврејска куќа во тие денови се состоела од простор во близина на вратата, често со земјен под, каде што се чувале ноќно време домашните животни – за да не бидат украдени или ограбени, но и телесната топлина на животните помагало да се загрее домот во студените ноќи. Семејството живеело и спиело во подигнат дел од истата просторија, кој бил подалеку од вратата. Обично имало и гостинска соба или горе на вториот кат или покрај семејната заедничка просторија на долниот кат. Типично во долниот дел од вратата имало јасли за храна и / или за вода за животните.
Друг опис објаснува дека „куќите во Витлеем и околината честопати имале пештери во задниот дел од куќата во која го чувале својот скапоцен вол или животни за да не бидат украдени. Собата за гости била пред куќата, а засолништето за животни одзади.”
Значи, наместо да ги вознемирува другите гости во домот, Марија се породила во поприватниот дел каде што се чувале животните и го положиле Исус во јаслите за храна кои биле таму.
Овој историски приказ за библискиот извештај е доста различен од расказот со кој многумина пораснавме, но тоа не ја намалува понизноста на Христовото раѓање. Исус сепак се роди на местото каде што се чувале животни и во обична селска пештера во Витлеем. Останува и понатаму да биде прекрасна сцена која засекогаш го смени светот.
Алатеија/к.мк