Бискупот Стојанов упати писмо со сочувство по повод смртта на Никополскиот бискуп Петко Христов
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов на 15 септември 2020 година упати писмо со сочувство до Апостолскиот администратор на Никополската бискупија монс. Страхил Каваленов по повод смртта на бискупот монс. Петко Јорданов Христов.
Во писмото епископот Стојанов во свое име и во име на свештеници, чесни сестри од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија Успение на Пресвета Богородица во Македонија изразува искрено, братско и христијанско сочувство.
Во понатамошниот дел од писмото бискупот Стојанов стои: „Во молитвата ја препорачувам душата на милиот покоен на Божјата добрина и милосрдие, а сите Вас ожалостени на Неговата утеха и помош.“
На 14 септември наутро Никополскиот бискуп монс. Петко Јорданов Христов се врати во Татковиот дом. Тој почина во болницата во Русе – Бугарија, по долго боледување, а на 11 септември беше поткрепен со последните таинства од страна монс. Христо Пројков, претседател на Епископската конференција на Бугарија. Упокојната литургија и погребот на епископот Петко Христов е на 19 септември 2020 година во Катедралната црква „Свети Павле од крстот“ во градот Русе.
к.мк