Бидете жени на милосрдието, стручњаци по човечност, благи, како би ткаеле основни вистински односи. Тоа е поттикот на папата Фрањо од пораката која ја упати по повод 50 годишнината од објавувањето на новиот Обред на посветени девици, во кои Папата гледа знак на свршеничка љубов која Христос ја поврзува со Црквата
Марија од Назарет „жена од химната Велича“ и „мајка на живото Евангелие“ е пример на кој треба да се угледаат како би биле жени на радоста способни да ја поучат Црквата да ги љубат сиромашните, да им помагаат на слабите. Како би биле полни со парузија, треба отворено да зборуваат, да бидат далеку од одговарањето, ефикасни и влијателни како би спречила злоупотреба на моќ – истакнува Папата во пораката по повод 50 годишнината од објавувањето на новиот Обред за посветени девици, а по иницијатива на папата Павле VI, објави Конгрегацијата за богослужби.
Папата Фрањо даде преглед на придонесот на жените во Црквата, го истакна бесплатниот дар на Светиот Дух, кој сите работи ги прави нови, како и верноста на свршеницата, и потсети на зборовите на папата Бенедикт XVI кој во 2008 година ги упати на учесниците на конгресот на Редот на посветени девици (Ordo virginum), кога ги нарече ѕвезди, кои го упатуваат одот на светот.
Нивниот повик, за папата Фрањо, е знак на надеж. Верноста на Отецот – напомена во пораката – и денес во срцето на некои жени ја става желбата да се посветат на Господ во девственоста, живеејќи ја во сопствената општествена и културна средина, вкоренета во некоја партикулрана Црква, во облик на стар живот, но истовремено нов и современ. Дарот на нивниот повик се гледа кога се во склад со Црквата, и кога во тој повик може да се препознаат жени способни да го живеат дарот на сестринство.
Не гаснете го пророштвото во својот повик! – поттикна папата Фрањо. Повикани сте, не по своја заслуга, туку преку Божјото милосрдие, да направите во вашиот живот да засвети лицето на Црквата, Христовата свршеница, која е девица, и покрај тоа што ја сочинуваат грешници, целосно ја чува верата, создава и дава да расте ново човештво. Затоа Папата ги повика на читање и размислување на текстовите од Обредот, посебно во нивниот повик да искусат и сведочат дека Божјата љубов е за сите луѓе и дека има сила да ги преобрази грешниците во светци.
Освен тоа ги поттикна да не се одвојуваат од средините во кои живеат и во кои се повикани да го дадат своето сведоштво во стилот на евангелската близина, затоа што се повикани да бидат жени на милосрдие, стручњаци по човечност. Жени кои веруваат во револуционерната сила на нежноста и љубовта. Вашето девствено посветување нека помогне на Црквата да ги сака сиромашните, да ги препознава материјалните и духовните сиромаштва, да им се помогне на оние кои се слаби и незаштитени, кои страдаат заради телесна или психичка болест, малите и стари лица, оние кои би можеле да бидат ставени на страна како нешто невредно.
Пандемијата со коронавирусот не може да нè остави рамнодушни, нè учи имено дека е време да ја тргнеме нееднаквоста, неправдата, која во корен се заканува по здравјето на целото човештво. Нека ве потресе она што се случува во светот, не ги затворајте очите и не бегајте; појдете нежно низ болката и страдањето; опстојте во навестувањето на евангелието полно со живот за луѓето – поттикна папата Фрањо.
Со својата благост ткајте основни и вистински односи, кои населбите од нашите градови ќе ги ослободат од осаменоста и анонимноста. Бидете способни за отворен разговор, но држете се далеку од искушението на брборење и оговарање. Имајте мудрост, ангажираност и влијателна љубов, како би се спротивставиле на зависта и би ја спречиле злоупотребата на моќ. Како знак на Црквата Свршеница, секогаш бидете жени на радоста, по примерот на Марија од Назарет, мајка на живото Евангелие – поттикна на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк