Папата: Животот кој Бог ни го дава нè прави сочувствителни кон другите

Папата: Животот кој Бог ни го дава нè прави сочувствителни кон другите

На Петтата недела на Великиот пост, во оваа кризно време на пандемија на коронавирус, папата Фрањо пред молитвата Ангел Господ од библиотеката во Апостолската палата, го толкуваше Евангелието кое зборува за пријателот Лазар, потсетувајќи дека Божјата љубов е семоќна и дека сме создадени за живот.

Животот кој Бог го дарува нè прави милосрдни кон другите – истакна папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов во неделата на 29 март 2020 година од библиотеката во Апостолската палата. Евангелието во оваа недела на Великиот пост ни зборува за воскресението на Лазар – рече Папата и потсети: Лазар бил брат на Марта и на Марија, кој бил пријател на Исус. Кога дошол во Витанија, Лазар веќе пред 4 дена умрен. Марта истрчала во пресрет на Учителот и му кажала: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми.“

Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе воскресне.“ и додава: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее“ – цитираше Светиот Отец и напомена: Исус се покажал како Господар на животот, Оној Кој може да даде живот и на мртвите. Потоа дошле Марија и другите луѓе, сите во солзи и – Евангелието вели, Исус многу „се натажи и се возмути, и просолзе“. Така потресен и вознемирен во срцето отишол на гробот, му се заблагодарил на Отецот затоа што секогаш Го услишува, го отворил гробот и извика со висок глас: Лазаре, излези надвор! Лазар излегол, „завиткан во платно по рацете и нозете, а лицето забрадено со крпа.“

Со рацете допираме дека Бог е живот и дека дарува живот, но на себе ја презема и драмата на смртта – рече папата Фрањо и истакна: Исус можел да ја избегне смртта на пријателот Лазар, но сака нашата жалост заради смртта на драги личности да стане и Негова и посебно сакал да ја покаже Божјата власт над смртта. Во Евангелието гледаме дека човековата вера и семоќноста на Божјата љубов се бараат и на крајот се сретнуваат. Тоа го гледаме во плачот на Марта и Марија и на сите нас: „Да беше Ти овде…!“ Тоа е Божјиот одговор, не говор.

Божјиот одговор на проблемот на смртта е Исус Кој одговорил: „Јас сум воскресение и живот… Верувајте! И покрај плачот и понатаму верувајте, иако изгледа дека смртта победи. Тргнете го каменот од своето срце! Дозволете Божјото Слово таму каде е смртта повторно да донесе живот“ – рече Папата и продолжи: И денес Исус ни повторува „Кренете го каменот!“ Бог нè не создал за гробот, туку за убав, добар и радосен живот. Но „со ѓаволската завист дојде смртта во светот“ – вели Книгата Мудрости, а Исус Христос дојде за да нè ослободи од нејзините замки.

Па, повикани сме да го тргнеме каменот на сето она што е поврзано со смртта – рече Светиот Отец и додаде: Лицемерието со кое се живее верата е смрт. Отфрлањето на сиромашниот е лицемерие. Господ од нас бара да го тргнеме тој камен од срцето и тогаш животот околу нас ќе процвета. Христос живее; Кој Го прифаќа и се прилепува до Него, влегува во допир со животот. Без Христос или надвор од Христос не само што не е присутен животот, туку повторно се паѓа во смрт. Воскресението на Лазар е знак со повторно раѓање кое преку Крштението во полнота се вклучува во таинството на Христовата мака и воскресение, се случува во верникот.

Преку делувањето и силата на Светиот Дух христијанинот е личност која оди во животот како ново создание, создадено за живот. Нека Дева Марија ни помогне да се сочувтвуваме со својот Син Исус кој на Себе ја зеде нашата жалост. Нека секој од нас биде близу до оние кои страдаат, станувајќи за нив одблесок на Божјата љубов и нежноста која ослободува од смртта и дава да се победи животот –заврши папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот