Папата Фрањо молеше за лекарите и здравствените работници
Overview
- Type: папа Фрањо, Света Марта
Папата Фрањо на 20 март 2020 година на утринската света Литургија својата молитва ја посвети на здраствениот персонал кој напорно работи и помага на заразените со коронавирусот, а посебно во областите на кои има најмногу заразени со вирусот КОВИД-19. Исто така молеше за властите кои честопати наидуваат на недоразбирања во управувањето во ова тешко време. Во проповедта, Папата ги охрабри верниите да го откријат Бог како добар Отец и објасни како да се исповедат без свештеник.
Вчера добив порака од еден свештеник од областа Бергамо, кој бара да молиме за лекарите во Бергамо, Тревиљо, Бреша и Кремона, кои (…) го даваат сопствениот живот за да им помогнат на болните, за да го спасат животот на другите. Да молиме исто така и за властите; не им е лесно да управуваат во овој момент и честопати страдаат поради недоразбирање. Лекарите, болничкиот персонал, волонтерите или властите, во овој момент тие се персоналот кој ни помага да одиме напред и нè штитат во оваа криза. Да молиме за нив – рече Папата.
Коментирајќи го првото читање, земено од Книгата на пророкот Осија (14, 2-10), Папата ги охрабри верниците да не разговараат со Бог како со судија, туку како со добар Отец кој љуби и секогаш простува. „Врати се Израел, на Господа Твојот Бог’’- овие зборови Папата го потсетуваат – како што рече – на песна што италијанските семејства во Буенос Аирес со задоволство ја слушаа, а во неа се вели: ,,Врати се кај својот татко. Повторно ќе ти пее приспивна. Врати се; твојот татко ти вели да се вратиш. Бог е твој татко; не е судија.
Овие размислувања Папата го потсетија на 15 глава од Евангелието според Лука, во кој се говори за изгубениот и пронајдениот син, за таткото кој оддалеку го виде синот, бидејќи го чекаше. Врати се кај својот Татко, Тој те чека. Тоа ни го зборува Божјата нежност, посебно за време на постот. Меѓутоа некој може да каже: ,,Не, оче се срамам да се вратам бидејќи … сторив сешто…’’ Што вели Господ на тоа? – праша Папата.
„Врати се ќе те исцелам од твоето неверство, ќе те сакам со сето свое срце; затоа што мојот гнев се оддалечува. Јас ќе бидам роса за Израилот; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења како дрвјата на Ливан. Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан – рече Папата цитирајќи зборови од Книгата на пророкот Осија и додаде: Врати се кај својот татко кој те чека. Бог со нежност нас ќе нè оздрави (..) од бројните рани во животот и од бројните лоши работи кои сме ги направиле.
Мораме да размислиме дека да се вратиме на Бог значи да се вратиме во татковата прегратка. Исто така – според зборовите на Папата – ветувањето на пророкот Исаија мора да се има на ум: Гревовите ваши да се и како бакам, – како снег ќе ги побелам; Тој е во состојба да не преобрази, Тој е во состојба да го промени нашето срце, но Тој сака да нè препушти ние да го направиме првиот чекор, да се вратиме. Тоа не значи да се оди кај Бога, туку да се врати дома. Великиот пост секогаш има за цел преобраќање на срцата кои во христијанскиот обичај се остварува во светата Тајна Исповед. Тоа е момент за – како што се вели „да ги средиме сметките”, но тоа не ми се допаѓа – тоа е момент кога треба да му дозволиме на Бог да нè обели, Бог да нè прочисти, Бог да нè прегрне – рече Папата Фрањо
Ватикан њуз/к.мк