За време на Генералната аудиенција, во среда 6 ноември 2019 година, папата Фрањо поттикна да го отвориме преминот помеѓу евангелието и паганскиот свет, како што тоа го направи свети Павле, кој на атинскиот аеропаг се вдханови од олтарот на кој пишувало ‘на непознатиот бог’ и кого паганскиот свет го гледал со очи на верата, а не непријателски
Градете мостови со оние кои имаат поинакви уверувња, никогаш не напаѓајте – поттикна папата Фрњо на катехезата одржана нс плоштадот Свети Петар за време на Генералната аудиенција, осврнувајќи се на ликот на свети Павле и на неговиот говор на атинскиот аеропаг. Апостолот се преплашил гледајќи го градот преполн со идоли, но тоа влијание на паганството, наместо да го присили да побегне, го поттикнува да гради мост како би водел дијалог со таа култура – забележа Папата и продолжи со своето размислување врз основа на Делата на светите Апостоли.
Имено, Павле отишол на најважните места, како што е синагогата и плоштадот, како и аеропагот, каде се одвивал политичкиот и културниот живот и не се затворил, туку се сретнувал со сите луѓе; Евреите, епикурејците, стоиците и многу други – рече Светиот Отец – истакнувајќи – дека градот Атина и паганскиот свет не го гледаше непријателски, туку со очите на верата. Ние, исто така, денес да се молиме на Светиот Дух да нè научи да градиме мостови со културите, односно со оние кои не веруваат или имаат различни верувања од нас.
Секогаш мора да градиме мостови, да имаме испружени раце и никогаш да не напаѓаме, – рече папата Фрањо и поттикна: „Те молам Господи, за да можеме внимателно да ја инкултурираме пораката на верата, поаѓајќи од оние кои не го познаваат Христа, контемплативниот поглед што ја поттикнува љубовта, која го загрева и најтврдите срце. Однесувањето на апостол Павле ни помага да го преиспитуваме својот начин на гледање на денешните градови, и да се прашаме дали тоа го правиме рамнодушно, со презир или со вера која препознава деца Божја во безименото мноштво.
Павле го избра погледот кој го поттикнува да го отвори преминот помеѓу евангелието и паганскиот свет – рече Папата и продолжи: Во срцето на една од најпознатите установи на стариот свет, аеропагот, покажа извонреден пример за инкултурација на пораката на верата. На оние кои се поклонувале на идолите им го навести Исус Христос, не напаѓајќи ги, туку градејќи мостови. Вдахнувајќи се од натписот која стоел на олтарот во тој град, на кој немало никаква слика туку само пишувало „на непознатиот бог’, Павле истакнува дека Бог не се сокрива: „За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Него јас ви проповедам.
Значи, поаѓа од библиската вера во Бог кој се објавува, за да дојде до откупувањето и судот, односно токму до христијанската порака и покажа расчекор помеѓу големината на Создателот кој секогаш дозволува да се биде баран, затоа што секој може да го најде и храмовите кои ги изградиле луѓето. Апостол Павле навестил: Оној кого луѓето го занемаруваат и не го познаваат – рече папата Фрањо и потсети на зборовие на папата Бенедикт XVI, кој рече дека Свети Павле го навестил ‘и непознатиот и познатиот’. Станува збор за оние кои не го познаваат, а сепак го познаваат – додаде Папата.
Павле на крајот повика на преобраќање користејќи ја керигмата – рече Светиот Отец и објасни: Меѓутоа, тука неговото проповедање наиде на камен за сопнување, затоа што на Атинјаните Христовата смрт и воскресение им излгедале како глупост и предизвикале потсемев и подбив. Значи, Павле се оддалечил, затоа што излгедало дека неговиот обид бил неуспешен. Но сепак, некои, како Дионисиј, член на аеропагот и една жена по име Дамара, се отвориле за верата, па на крајот и во Атина евангелието пуштило корени и се ширело преку тој човек и таа жена.
Ватикан њуз/к.мк