Македонски Каритас учествуваше на Сабир Фестивал во Лече

Македонски Каритас учествуваше на Сабир Фестивал во Лече

Во италијанскиот град Лече во периодот од 16 до 19 2019 година се одржа Сабир фестивал – Медитерански културен настан, кој овозможува увид за медитеранските алтернативи во симболичните места на Европа.

За организацијата на фестивалот беа одговорни АРЧИ, Каритас Италија, АЧЛИ и ЧЏИЛ во соработка на Асџи, A Буон Дирито (За Добро Право) и Карта ди Рома. Исто така и Македонски Каритас беше еден од учесниците на овој фестивал, кој беше поканет од претставниците како на италијанските така и на меѓународните организации.

Структурата на фестивалот се состоеше од комбинација на меѓународни состаноци и тренинг сесии, на културни активности, интерактивни работилници и презентации на книги.

Покрај учеството на настаните во рамките на Сабир фестивалот се одржа исто така состанок на балканската работна група за миграции на која присуствуваа претставници на Каритас од Македонија, Црна Гора, БиХ, Србија, Албанија, Косово и Бугарија. Балканската работна група која се занимава со миграциите во таа прилика го избра раководството на тимот и ги планираше наредните чекори во заедничкото делување. Со своето присуство исто така подршка на работата на оваа група дадоа и претставниците на Европски Каритас и на Италијански Каритас.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот