На ручекот за папата Фрањо ќе бидат послужени вина на винарницата „Стоби”

На ручекот за папата Фрањо ќе бидат послужени вина на винарницата „Стоби”

Папата Фрањо за време на неговата историска посета на земјава во вторник ,7 мај 2019 година ќе биде послужуван со ексклузивни вина на винарницата „Стоби“. Најквалитетните вина на оваа винарница ќе се служат на ручекот што ќе се организира во чест на папата Фрањо и на кој освен Светиот Отец, ќе присуствуваат и кардинали, бискупи и други високи гости, но и на сите други свечени собири во деновите пред доаѓањето на папата во Скопје организирани за високи гости.

На свечениот ручек организиран во чест на Папата ќе се служат едни од најквалитетните вина на винаријата „Стоби“ од кои дел освоиле најпрестижни светски награди, односно белото вино „Р’кацители“, розе вино „Розе алегро“, црвеното вино „Аминта“ и десертното вино „Роксана“.

– Навистина сме почестени што Скопската Бискупија како дел од организаторите на доаѓањето на папата во Скопје ни ја дадоа нивната доверба и ги оценија вината на „Стоби“ како најдоброто од нашата земја со кои треба да се претставиме пред толку значајна личност како што е папата Фрањо. Задоволството е огромно, особено затоа што се работи за историски настан кој е од огромно значење за земјава и целиот регион. Довербата што ни ја укажа Скопската бискупија е само потврда дека нашите заложби да направиме вина со врвен квалитет даваат вистински резултат – велат од винарницата „Стоби“.

Винарницата „Стоби“ обезбеди подароци за папата Фрањо, како и за сите членови на високата делегација кои ќе присуствуваат на свечениот ручек.

На ручекот организиран во чест на папата Фрањо ќе се послужуваат традиционални македонски јадења.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот