Папата Фрањо го прифати повлекувањето на монс. Никола Кеќиќ од пасторалното служење на Крижевачката епархија и на истата епархија го именува отец Милан Стипиќ протоереј во Крижевската епархија и досегашен парох во Јастребарско за Апостолски управител.
Веста за именувањето е објавена во Рим и во Загреб во понеделникот на 18 март 2019 година во 12.00 часот, соопшти Апостолската нунцијатура во Загреб.
Протоереј ставрофор отец Милан Стипиќ е роден на 28 декември 1978 година во Босански Нови (Босна и Херцеговина) од татко Владислав и мајка Весна. Детството го поминува во Липик каде е и крстен. Основно училиште посетувал во Липик, а заради воените случувања во Загреб и во Чазма.
По завршувањето на основното училиште во 1993 година се запишал вп надбискуписката класична гимназија во Загреб и започнува свештеничка формација во Меѓубискуписката семинарија.
Во 1997 година влегува во Источната католичка семинарија на Крижевската епархија и студира на богословскиот факултет во Загреб. Покрај редовните студии активно се занимава и со црковна музика од источен обред.
За ѓакон е ракоположен на 8 ноември 2002 година во конкатедралата „Свети Кирил и Методиј“ во Загреб, а свештеничкото ракополагање го примил на 18 октомври 2003 година во источната католичка катедрала „Пресвета Троица“ во Крижевци. Истата година започнува со службата парох во источните католички парохии Кашт и Радатовиќ во Жумберскиот деканат.
Во 2007 година го добива насловот протоереј и ја презема пасторалната грижа за католиците од источен обред во Далмација. Од 2012 година е парох во Јастребарско. Освен храватскиот говори руски и украински јазик.
Ика/к.мк