Овогодинешното ходочастие на млади од плоштадот Свети Марко до базиликата Пресвета Богородица од здравје во Венеција се одржува под наслов „Марија, жена со силна вера“; Имено сака да се привлече вниманието на сведоштвото и мачеништвото на христијаните прогонети заради верата.
Ходочастието го предводи Франческо Моралија, а посебно е посветено на Асија Биби.
Светиот Отец испрати срдечни поздрави до младите кои вечерта на 20 ноември тргнуваат на епархиско ходочастие кое е организирано од патријархот на Венеција заедно со фондацијата со Папско право „Помош на Црквата во неволја“. Во пораката која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин, папата Фрањо ја истакнува целта на таа иницијатива: за да го привлече вниманието на сите за драмата на големиот број христијани прогонети заради својата вера. Притоа посакува таа корисна иницијатива да го привлече вниманието кон големиот проблем на дискриминацијата на која христијаните се подложени во многу делови на светот.
Негирано правото на верска слобода
Во пораката се напоменува дека има многу земји во кои е наметната само една религија, а има и такви во кои се спроведуваат насилни прогони или пак систематско културално исмевање на Исусовите ученици, негирајќи се верската слобода која е напротив основно човеково право кое треба да се признае, затоа што го одразува најмногу достоинството на човекот. Кардиналот Паролин во пораката пишува дека Папата затоа поттикнува на молитва за христијаните кои се наоѓаат во тешки ситуации, силни да ги издржат искушенијата, чувствувајќи ја близината на целата католичка заедница и така да станат семе за нова живост и надеж за Црквата. Со благословот, Папата на крајот ги поттикнува учесниците на ходочастието насекаде да бидат творци на помирувањето и мирот.
Ватикан њуз/к.мк
Таг: Ходочастие за прогонетите христијани
Клучни зборови: папа Фрањо, Венеција
Фотографија: Патријархот на Венеција заедно со фондацијата „Помош на Црквата во неволја го организираа ходочастието за прогонетите христијани