Зора на спасението
„Ги кренав очите кон горите; од каде помош ќе ми пристигне? Така пее псалмистот.
Нашите очи, и тие исто така, ги гледаат горите на Палестина: зад оние височинки, всушност, се појави бледа мугра, која набргу ќе се претвори во една блескава зора. Всушност штотуку е родена Марија, зората на спасението. Ана, чие име значи „благодат“ ја роди „благодатната. Доброто дрво даде добар плод. Јоаким, оној „кого Бог го воздигнува“, станува претеча на Спасителот. И овие двајца родители во поодминати години ја контемплираат Марија во нејзината лулка, бебето на нивната надеж и надежта на светот, таа која стави крај на проклетството на нивната неплодност како што еден ден ќе стави крај на проклетството на нашиот грев.
Ластовичката не ја сочинува пролетта, но таа е предвестувачки знак. Виножитото помеѓу облаците, по невремето, сѐ уште не претставува потполно убаво време: тоа сепак сведочи дека стивнува, дека се остварува помирувањето, дека се враќа мирот и дека големите водопади од небото засекогаш се затворени. Да, врнежите престанаа, зимата на маките си замина, цвеќињата почнуваат да расцветуваат на нашата земја…(…)
Зората не е сонцето, но му претходи и му го обезбедува неговото доаѓање. Само Исус е Сонцето на Правдата (…) Тој е Звезда која од височините ќе огрее за да ги осветли оние кои се потонати во темнината, во сенката на смртта. Само Тој е Светлината на животот и кој ќе го следи нема да оди во мрак.
Но Марија, кога се појави овде на земјата, се возвишува како зора, според изразот од Песните на Песните. Таа му претходи и го подготвува доаѓањето на Оној кој е живот и светлинана луѓето, а Таа исто е осветлена од неговиот сјај.
Само Исус е спасението и тоа спасение не се наоѓа во никој друг. Зашто „под небото нема друго Име со кое би можеле да се спасиме“. Но Марија е зората на спасението, која никој не може да го подготви тоа спасение како што таа може да ја искористи својата позиција. И не постои ниту на небото ниту на земјата ниедно име како она на Марија за да објави со каква великодушност ни е дадено спасението од Бога.
Марија во моментот на нејзиното раѓање не е ништо друго освен едно бебе кое им се насмевнува на ангелите; а ангелите ја поздравуваат нивната господарка, која според нејзината природа е под ангелите, но во силата на благодатта е над нив, пожив „огнен пламен“ и погорлива од топлите Серафими.
Самиот Бог и се восхитува на оваа кревкост која ќе ја збуни моќта на Сатоната и ќе ги разоружи незадоволствата. Колку ли е убава во неговите очи оваа невиност која ништо не може да ја оцрни, ниту морално да ја корумпира. Таа е слика на нејзината сопствена светост! Колку ли е прекрасно ова детство: тоа е рефлекс на нејзината сопствена едноставност.
Исто така и ние се восхитуваме на присуството на ова Мало Создание кое ќе трае во векови. Според Песната над Песните: „Имаме сестра, што ќе правиме за неа во денот кога ќе се зборува за тоа“?
Но тоа време сѐ уште не е дојдено. Како подоцна што беше за Иван Крстител, никој не шепоти покрај лулката на Марија: „Што ли ќе биде ова бебе?“. Бидејќи е во молкот на заспаната земја додека зората го осветлува небото. Молкот на Марија, од нејзиното раѓање до нејзиниот последен ден, ќе дозволи возвишениот глас на Словото да одекнува. А што се однесува до нас, да се собереме.
Исто така и ние да се развеселиме: затоа што „Господ ќе дојде; никако нема да доцни и ќе ги осветли дури и најмрачните вдлабнатини од нашата ноќ“. Неговата зора ни ја најавува: Марија зрачи веќе од сјајот на Сонцето на Правдата и ни ги испраќа неговите зраци.
(Жан Ладаме – Погледи кон Нашата Мајка)
к.мк/З.А.