Твитер порака на Папата: Љубовта ги надминува сите тешкотии

Твитер порака на Папата: Љубовта ги надминува сите тешкотии

Папата Фрањо со пријателите На Твитер продолжува да споделува кратки размислувања и поттици за христијанскиот живот, а последните неколку денови се концентрира на две богословски крепости: љубовта и верата.

Во Твитер пораката обајвена на 18 август 2018 година Светиот Отец истакнува: „Љубовта ги надминува сите тешкотии. Љубовта ни дава сила да продложиме понатаму“. Вчера пак го сврте вниманието на силата на Божјата љубов при што напиша дека „кој ќе ја прифати Божјата љубов, го менува светот и историјата“. Во четвртокот на 16 август Папата упати на врската помеѓу верата и сеќавањето порачувајќи им на своите пријатели: „Верата се храни со сеќавањето: колку прекрасни работи Бог направи за секој од нас! Колку многу е великодушен нашиот Отец Небесен!“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот