Изјави на Папата за кои молчат многу медиуми

Изјави на Папата за кои молчат многу медиуми

Може да се направи цела рубрика со изјави на папата Фрањо, кој се крик за вистината, спротивно од она што масовните медимуи го пласираат во светот како реторика на Папата и изјави кои во масовните медиуми се сокриваат, затоа што едноставно не одговараат на мејнстрим матрицата која од папата Фрањо создава слика која не одговара на вистината, со цел да се шири сомнеж и раздор во срцата на верниците. Поради тоа не наседнувајте, туку споделете ја вистината за слава на Божјото царство, за слава на името Исусово.

Имено минатата сабота на состанокот со италијанска организација за семејства папата Фрањо упати остра критика за убивањето на децата со инвалидитет во утробите на мајките и предупреди дека таквото злосторство се памети како злосторство на нацистите.

Во текот на минатиот век целиот свет се згрозуваше за тоа што правеа нацистите, а денес истото го правиме само со бели ракавици, рече Светиот Отец, напоменувајќи дека е зло да се има лекари кои ги наговараат бремените жени да ги абортираат своите деца кои се со потешкотии во развојот. За мирен живот, тие ќе го избришат животот – предупреди Папата.

На состанокот папата Фрањо исто така потсети дека само маж и жена заедно можат да формираат семејство. Тој напомена дека луѓето денес разговараат за многу облици на семејства, но како што вели: само едно е семејството, семјство кое е според сликата Божја, онаа помеѓу маж и жена, напоменувајќи дека семејството на „Виножитото“ не може да влезе во таа дефиниција – рече Папата, но многу малку медиуми ги пренесоа овие изјави.

Овие изјави на папата Фрањо не одговараат на многу моќници. Да молиме за Светиот Отец за сила и храброст која му е потребна.

Дневно/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот