Во проповедта на Литургијата на 12 јуни 2018 година во домот Света Марта папата Фрањо истакна дека христијанското сведоштво треба да биде втемелено на ставот понизност, кој се состои во тежнеењето да бидеме сол и светло за другите.
Христијанското сведоштво е да се биде сол и светло – истакна папата Фрањо за време на Литургијата во домот Света Марта во Ватикан. Појдовна точка за размислувањето на Папата е 5. глава од Евангелието според Матеј, односно Исусовиот говор на гората, во која Господ на своите ученици им објаснува како тие треба да бидат сол на земјата и светло на светот.
Два вида христијанско сведоштво
Во проповедта Светиот Отец рече дека цел на христијанското сведоштво е да се изградуваат другите, а не да служи за самопромоција. Тој напомена дека христијаните се повикани да бидат сол и светло за другите, а при тоа да не си препишуваат заслуги. Тоа е едноставно, постојано сведочење на Христос, секојдневна светост, на која е повикан христијанинот.
Христијанското сведочење може да значи да се даде сопствениот живот како што направи Исус, односно мачеништво. Меѓутоа, постои и друг пат, а тоа е да се сведочи Христос во нашите секојдневни дела, од моментот кога ќе се разбудиме, па сѐ до моментот кога ќе појдеме на спиење. Тоа изгледа мала работа, но преку малите работи се остваруваат чуда и убавини – рече папата Фрањо.
Солта и светлото служат на другите
Светиот Отец напомена дека христијанското сведоштво треба да биде втемелено на ставот понизност, кој се состои во тежнеење да бидеме сол и светло.
Сол за другите, свелто за другите, бидејќи солта не дава вкус сама по себе, туку секогаш кога е во служба. Светлото не се просветлува самото себе, туку секогаш кога е во служба на другите. Да се биде сол за другите. Мала количина сол го прави јадење вкусно. Супермаркетите така продаваат сол во мали количини, а не тони. И солта не се фали сама по себе, бидејќи не служи сама на себе. Постои како би служела на другите, чувајќи ги работите и давајќи им вкус. Тоа е едноставно сведоштво – рече Папата.
Светиот Отец рече дека секојдневното христијанско сведоштво значи да се биде светло за другите, да им се помага во нивните најтешки и најмрачни моменти од животот.
Господ ни вели: „Ти си сол; ти си светло!“ Но тоа е потребно да се прави на таков начин како другите би го виделе и славеле Бог. На тебе нема да се препише никаква заслуга. Кога јадеме тогаш не ја фалиме солта. Не, велиме дека тестенините се добри или дека месото е добро. Кога ноќе се враќаме дома, тогаш не велиме дека светлото е добро. Го игнорираме светлото, но ние живееме со тоа светло кое просветлува – напомена папата Фрањо, додавајќи дека таа димензија нѐ поттикнува нас христијаните да бидеме анонимни сведоци во животот.
Секојдневна светост
Ние не сме протогонисти на своите заслуги – рече Светиот Отец, преупредувајќи да не постапуваме како фарисеи кои му благодарат на Господ, мислејќи дека сме свети. За сите нас на крајот од денот би можеле да биде убава молитвата, прашувајќи се: „Дали денес бев сол и светло?“ Тоа е секојдневна светст – рече Папата и заврши: Господ нека ни помогне да го сфатиме тоа.
РВ/к.мк