Бискупот Стојанов го прими директорот на Шведска агенција за поддршка на верските заедници
На 4 јуни 2018 година во просториите на Бискупската резиденција во Скопје Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, го прими г-дин Аке Горансон, директор на Комисијата за односи со верските заедници во Шведска заедно со својот македонски колега м-р Даријан Сотировски и членови на двете Комисии во чиј состав беше и митрополитот европски г-дин Пимен и о. Блаже, одговорен за верниците на Македонската православна црква ОА во Шведска.
Во меѓусебната и пријатна атмосфера беа разменети искуства за работењето на Комисиите во однос на верските заедници во Македонија и Шведска, како и односот на меѓуверските односи помеѓу себе. Беше истакната меѓусебната соработка на размена на искуства и за во иднина.
к.мк