Папата служеше света Литургија со мисионерите на милосрдието

Папата служеше света Литургија со мисионерите на милосрдието

Лична обнова и живот во заедницата, се два неразделиви аспекти на кои папата Фрањо ги предупреди мисионерите на милосрдието, во текот на светата Литургија која ја служеше заедно со нив во ватиканската базилика, на 10 април 2018 година.

Во проповедта Папата потсети дека нивната служба е насочена токму на служењето на луѓето, за да можат повторно да се родат одозгора, и на служењето на заедниците за да можат радосно да ја живеат заповедта на љубовта.

Свештеници благи и поттикнати од Духот

Тие свештеници од Јубилејот на милосрдието го извршуваат на пет континенти посланието кое им е доверено, а кое опфаќа проповедање, исповедување и разрешување од гревови, со исти права кои се во строга надлежност на Апостолскиот Престол. Две години по нивното воспоставување, околу 550 мисионери се сообраа во Ватикан на средба во организација на Папскиот совет за промовирање на нова евангелизација.

Папата ги потсети дека како кај Никодим потребно е повторно лично раѓање. Меѓутоа предупреди: Не станува збор за тоа да станат такви како да се носители на некоја изворедна харизма. Треба – според зборовите на Папата – да бидат нормални свештеници, едноставни, благи, урамнотежени, но способни постојано да се препуштат Духот да ги обновува, свештеници кои се попустливи на неговата сила и кои во внатрешноста се слободни, најмногу од себе затоа што ги придвижува „ветрот“ на Духот кој дува каде што сака.

Милосрдие за да превладее единството

Освен тоа Папата истакна дека треба да бидат способни да го издигнат Христовиот крст во оваа пустина –  светот. Живото Господово присуство освен што воспоставува заедништво, станува и заразен стил на живот, односно создава сила на привлечност која преку различни облици на навестување на Радосната вест се стреми кон тоа да допре до сите луѓе.

И на Црквата и на денешниот свет посебно им потребно е милосрдието – рече Папата – за единството кое Бог го сака во Христос да преовладее над негативното делување на злото кое искористува бројни актуелни средства кои сами по себе се добри, но кои лошо се користат, разделувајќи наместо да се соединува. Тоа начело без милосрдието нема сила за остварување во конкретниот живот и во историјата – предупреди папата Фрањо и на крајот истакна дека затоа мисионерите на милосрдието први се повикани одново да се родат одозгора, и се потврдени со посланието на сите да го понудат знакот на „воздигнатиот“ Исус.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот