На 25 март 2018 година во парохискaта цкрва „Пресето Срце Исусово“ во Битола на празникот Цветници се служеше света Миса по повод Исусовото славно влегување во Ерусалим.
Присутните верници во процесија, предводена од парохот дон Паво Шекерија држејќи благословени маслинови гранчиња во рацете влегоа во Црквата.
За време на проповедта дон Шекерија ги потсети верниците за важноста на Христовата жртва. Тој ги поттикна парохијаните да го прифатат соопствениот крст, како и сопствените страдање да ги сообразат со Исусовата мака.
Истиот ден во филијалната капела во Прилеп се служеше исто така света Миса по повод празникот Цветници.
к.мк