Папата во порака на Твитер ја истакна вредноста на молитвата

Папата во порака на Твитер ја истакна вредноста на молитвата

„Десницата Твоја, Господи, се прослави со сила; десната рака Твоја, Господи, го уништи непријателот.“ (2Мој. 15, 6)“ Таа реченица е избрана за тема на овогодинешната Молитвена осмина за единство на христијаните.

„Молитвата која прочистува, зајакнува и ја осветлува патеката е како гориво на нашиот пат кон полното единство на христијаните.“ Папата Фрањо во својата порака која ја објави на својот твитет профил, на 23 јануари 2018 година потсети на важноста за контакт со Бог, за слушањето на неговиот Дух, што се однесува на патот кон единството по кој одат христијаните.

Да молиш значи да го слушаш она што ти го зборува Господ

Тоа е точно – рече патер Џакомо Пуглиси, директор на центарот „Pro Unione“ – молитвата не значи толку изговарање на молитвата, колку слушање на Божјиот глас кој го чисти нашето срцето и нашиот ум, давајќи им нов поглед на работите, а потоа и да бидеме послушни на она што Тој го сака.

Темата за Молитвената осмина се однесува дека Бог е тој кој нè спасува

„Десницата Твоја, Господи, се прослави со сила; десната рака Твоја, Господи, го уништи непријателот.“ (2Мој. 15, 6)“ Таа реченица е избрана за тема на овогодинешната Молитвена осмина за единство на христијаните. Земена е од Втората Книга Мојсеева, а го изразува восхитот на Мојсеј и неговата благодарност, и на неговиот народ, до Бог за ослободувањето од египетското ропство. „Да Го воспеам Господа, зашто славно се прослави: коњите и коњаниците ги фрли в море. (…) Десницата Твоја, Господи, се прослави со сила; десната рака Твоја, Господи, го уништи непријателот. Велик си Господи…“

Изборот на таа реченица го направи една група од Црквата на Карибите, објасни патер Публиси. Во својата историја имале проблеми со ропството, и сакале да го истакнат Божјото дело за ослободување, од каде започнува нашето христијнско ангажирање – рече патер Пуглиси и додаде: Само Бог е способен да направи да ги надминеме сите видови на ропства кои и денес ги правиме во односот едни кон други; а ние христијаните треба да учествуваме на тоа ослободување.

Напредок со Православната Црква

Веќе се направени големи чекори кон полното единство. На пример, помеѓу Католичката Црква и Православната, постигнато е заедничко ангажирање за сочувување на создаденото. Станува збор за чувствителноста – објасни патер Публиси – која произлегува од заедничката вера во Бог – Троица – Кој создава, спасува и посветува, и продолжува да го прави во сè создадено која ни го оставил за да грижиме за него.

Интензивиран дијалогот со лутераните

Минатата година е одбележана 500 годишнина од лутеранската формација, а тоа беше прилика за Католичката Црква да ги истакне позитивните аспекти на реформацијата, и да го прошири дијалогот со Лутеранската црква. Воспоставен е однос за поттик за иден напредок во кој двете Цркви сѐ повеќе заедно ја навестуваат заедничката вистина на верата. Но, не само со лутераните; патер Пуглиси истакна подобрување на односите и со англиканците, реформистите, методистите, пентоксалците и евангелиците. Имаме позитивно мислење за чекорите направени со помош на Светиот Дух и со кои ќе продолжиме слушајќи го самиот Бог – рече патер Пуглиси.

Што е центар Pro Unione?

Центарот се раѓа пред 50 години – објасни патер Пуглиси – практично паралелно со Вториот ватикански собор. Станува збор за центар за истражување и дијалог, место на кое христијаните можат да се сретнат и да продолжат да разговараат на неформално ниво, и исто така да ги утврдат заеднички направените чекори. Со центарот управува монашката заедница Атонемент, основана според правилата на свети Фрањо, која се основа токму на екуменски повик, затоа што го основа слугата Божји патер Пол Ватсон, кој во 1908 година ја иницирал Молитвена осмина за едниство на христијаните. Затоа дел од нашето звање е промовирање на молитвата, и не само молитвата, туку најмногу чекорите на взаемно полно заедништво помеѓу христијанските Цркви – истакна патер Пуглиси.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот