Богојавление

Богојавление

Ако во денот на создавањето на првиот човек Бог Отец во Адам и по него ги прегрнал сите луѓе како свои деца, на Богојавление, како директно продолжување на Божиќната ноќ, Божјиот Син им се јавил на сите луѓе, ги повикал сите луѓе кон себе, ги прегрнал сите синови и ќерки на оваа земја.

(…) Бог на денешниот ден им се јавил на многумина, на сите. Тој им се јавувал во Стариот Завет и на првите луѓе, и на праотецот Авраам, на Мојсеј и на многу други, но сепак тоа било ограничено на еден народ и на една земја. На божиќната ноќ им се јавил на пастирите и сиромашните од својот народ и воопшто од светот, а на денешниот ден им се јавил на сите. На сите раси, на сите племиња, на сите генерации, на сите класи, на сите оние кои се според Божјиот образ и подобие, кои со својот разум макар некако можат да го разберат и со своето срце макар несовршено да го љубат.

Ако во денот на создавањето на првиот човек Бог Отец во Адам и по него ги прегрнал сите луѓе како свои деца, на Богојавление, како директно продолжување на Божиќната ноќ, Божјиот Син им се јавил на сите луѓе, ги повикал сите луѓе кон себе, ги прегрнал сите синови и ќерки на оваа земја. Сите оние кои по тело и по душа, по крв и по природа се негови браќа и сестри, кои му се Нему, на Првенецот на Отецот, толки многу близу, што Отецот не може да гледа во Него, а нас да не нѐ види, да Го љуби Него, а во Него, преку Него и заради Него да не нѐ љуби и нас.

Да, Господ Христос на Богојавление ги повика сите да ја прифатат милоста и дарот на верата, да ја прифатат милоста и дарот на неговата близина, светлото и топлината на неговата љубов. Им се откри на сите. На сите им се објави!

На Богојавление Бог и на нас ни се објави. На секој од нас.

Вистина, ние не сме постоеле, требало да поминат многу векови за да влеземе во живот, но на Богојавление заклучно било и ние да бидеме заедно, во кругот на оние на кои Бог ќе им се објави, кои ќе примат милост на верата и дар на Божјата близина и на Божјата љубов. Сето тоа што сме примиле и добиле во таа насока во животот, тоа е само богојавленски дар, тоа е само чудесно продолжување и чудесно случување од првото Богојавление.

Да ги превртиме страниците, годините, текот на својот живот. Колку пати Бог ни се објавил на тие страници, во тие години и во овој поголем или помал тек на времето.

Во убавината на природата ни ја објавил Својата убавина. (…) Ни се објавил во сите добра кои ги среќаваме на нашиот животен пат: во радоста која нѐ следела многу време во нашиот овоземски живот. Ни се објавил во крстовите, во страдањата и болките кои нѐ очистувале од нас самите; во сиромаштвото и немаштијата кои нѐ лечеле од приврзаноста на сѐ што е непотребно; во загубите кои нѐ ослободувале од приврзаноста и себичноста.

Тој ни се зборува и ни се објавува преку прекрасните примери на христијанскиот живот околу нас, преку девствените души, преку мачениците и хероите.

Постојат многу надворешни работи кои преку нив ни се објавува Бог. Но постојат и оние во длабочината на душата, каде што Бог ни се објавува во најинтимноста, каде што Бог го објавувал своето Лице излевајќи богојавленски дарови.

Колку ли пати Бог во душите се јавувал и се објавувал!

Радостите и страданијата ги употребувал за своето објавување. Како во среќните денови така и во деновите на плач и солзи. Како во времето на мир така и во времето на вознемиреност. Како во времето на големите возвишенија, така и во времето на големите падови.

Сите ситуации, сите настани, цело време, сите околности, сите внатрешни состојби на душата Тој ги употребил да ни се објави, за да ни се открие подобро.

Ни се објавувал во молитвите и ни дозволил подобро да го запознаеме, појасно да го видиме.

Ни се објавувал кога ги славиме светите Тајни кој Тој ни ги оставил.

Ни се објавувал во тишината и во прибраноста, бидејќи тоа е време кога Тој со задоволство зборува.

Ни се објавувал кога ни дал светлина во која верските вистини ни биле многу појасни.

Ни се објавувал и тогаш кога нѐ запознал со нашите слабости, кога ни ги откривал нашите грешки, кога не повлекувал во сопствената, но сѐ уште непозната бездна на нашата душа.

Ни се објавувал и тогаш кога ни ја покажувал бизарноста на нашиот темперамент, погрешните израстоци на нашата природа.

Сето тоа го употребил за наше добро. Сето тоа го употребил да биде постојано Богојавление во нашата душа. Еднаш зборувал тивко, еднаш гласно. Еднаш пратил звезда да го осветлува патот на нашата душа, а еднаш не оставил да тапкаме во мракот. Но сѐ било за наше добро и сето тоа било големо Богојавление за мојот, твојот и сечиј живот.

Но сето тоа се исполнува доколку вистински гледаме, и доколку би сакале да го видиме Господ во неговата богојавленска улога!

Во овој ден секако мора едно да научиме од тројцата мудреци. Како тие верно го барале Бога! Со која упорност! Со која храброст! Со која верност. Тој ги повикал и тие оделе напред. Не ги исплашило далекиот пат, непознатите опасности, тежината на зимата; не биле загрижени што никој не знае за тајната која само на нив им била доверена; ниту за тоа што Ирод се сомневал во нив и не ги примил љубезно како свои пријатели. Не, тие ја гледале звездата, нив звездата ги водела и тие по неа оделе. Оделе со вера. Но верноста им била наградена, бидејќи го гледале Оној, пред чиј сјај и големина сѐ паѓа во прав.

А ние? Дали и ние сме верни на Божјиот позив? На Божјиот глас кој многупати сме го слушнале? На Звездата која Бог ја поставил и пред нашиот животен пат?

Само на верните Бог им се објавува. Само на верните им ги открива Своите Тајни. Само верните го гледаат Неговото лице.

Битно.нет/З.А

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот