Кардиналскиот совет започна нова седница

Кардиналскиот совет започна нова седница

На 11 декември 2017 година во присуство на папата Фрањо започна 22 седница на Кардиналскиот совет, кој го формира папата Фрањо на 28 септември 2013 година, а кој има за задача да му помага на Светиот Отец во управувањето со Ууниверзалната Црква и да ги проучува проектите за обнова на Римската курија во согласност со конституцијата Pastor bonus. Ова заседание на Кардиналскиот совет ќе трае до 13 декември 2017 година.

Последниот состанок се одржа во септември оваа година, а беше псоветен на извештајот за состојбата на предлозите кои советот ги достави до Светиот Отец за реформи во Куријата. Меѓу темите за кои се разговараше тогаш била и улогата на Куријата како средство за евангелизација и служење, не само за Папата, туку и за месните Цркви, децентрализација, улога на Апостолските нунцијатури и изборот на кадри, како Куријата би била помалку клерикална, а повеќе меѓународна со учество на повеќе млади луѓе и жени. Бискупот на Албано, Марчело Семереро, секретар на Кардиналскиот совет, во интервју дадено за Радио Ватикан, а по повод заседанието во септември изјави: Наскоро ќе биде завршен предлогот за реформите, кој ќе биде доставен до папата Фрањо. Светиот Отец тогаш ќе има на располагање предлози за сите Дикастерии и ќе одлучи како и кога ќе ги спроведе.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот