На 19 ноември 2017 година по повод Првиот Светски ден на сиромашни, кој го прогласи папата Фрањо, Македонски Каритас се приклучи на акцијата „Да не сакаме со зборови, туку со дела“ и на територијата на град Скопје посети сиромашни семејства, стари и осамени лица.
Освен што беа подели пакети со храна и хигиенски средства, вработените на Македонски Каритас се задржаа во разговор со луѓе во потреба, за да ги слушнат нивните секојдневни проблеми со кои се соочуваат.
к.мк