На 18 ноември 2017 година, папата Фрањо искажа почит кон почесниот папа Бенедикт XVI, по повод доделувањето на наградата Рацингер. Неговото дело и неговото учителство се живо и скапоцено наследство за Црквата и за нашата служба – истакна папата Фрањо.
На 18 ноември 2017 година, папата Фрањо искажа почит кон на почеснииот папа Бенедикт XVI, по повод доделувањето на наградата Рацингер. Тројцата овогодишни добитници на таа престижна награда, која во 2011 година ја воспостави ватиканската фондација „Јозеф Рацингер – Бенедикт XVI“, се лутеранскиот теолог Теодор Дитер, католичкиот свештеник Карл Хајнц Менке и музичарот Арво Парт.
Својот говор пред членовите на спомнатата фондација, на свеченоста одржана во Ватикан, папата Фрањо го започна со мисли упатени до почесниот Папа. Заедно со вас упатувам срдечни мисли до почесниот Папа Бенедикт – рече Светиот Отец. Неговата молитва и неговото дискретно и охрабрувачко присуство нѐ придружуваат во заедничкото одење; а неговото дело и неговото учителство и понатаму се живо и скапоцено наследство за Црквата и за нашата служба – истакна папата Фрањо.
Потоа ги поттикна членовите на таа ватиканска фондација да продолжат да се ангажираат, учејќи и проучувајќи го тоа наследство, истовремено гледајќи напред. Јозеф Рацингер и понатаму е учител и пријател соговорник, на сите оние кои го користат дарот на разумот за да одговорат на човечкиот повик за барање на вистината – рече Папата. Христовата вистина – додаде Папата користејќи се со музички речник – не е за солисти, туку таа е симфониска; бара соработка, хармонично учество.
Светиот Отец потоа рече дека со задоволство ја прифатил идејата за проширување на хоризонтот на наградата „Рацингер“ за во неа да ја вклучи и уметноста, освен теологијата и науката кои со неа се поврзани природно. Тоа проширување одговара на визијата на Бенедикт XVI, кој многу пати трогателно ни зборуваше за убавината како привилегиран пат за отворање на натприродното и за средбата со Бог. Посебно се восхитуваме на неговата музичка чувствителност и неговото лично практикување на таа уметност како пат кон смиреноста и за воздигнување на духот – рече папата Фрањо.
Осврнувајќи се на самата ватиканска фондација, Папата истакна дека наградата „Рацингер“ која ова година е доделена по седми пат, е врвен настан меѓу бројните активности на тие институции, чија цел им е промовирање на теолошките истражувања и културното ангажирање вдахнато од верата и ентузијазмот за душите кон Бог. На крајот претседателот на Ватиканската фондација „Јозеф Рацингер-Бенедикт XVI“, патер Федерико Ломбарди, потсети дека активностите на таа институција во изминатите години биле интензивни, исто така и заради тоа што 90 роденден на почесниот Папа го привлече вниманието на многумина, поттикнувајќи серија иницијативи кои го истакна неговото културно и духовно наследство.
Почесниот Папа Бенедикт XVI, на 17 ноември 2017 година, во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан ги прими овогодинешните добитници на наградата Рацингер, заедно со патер Федерико Ломбарди. Тројцата наградени исто така имаа можност да разговарат со почесниот Папа, за време на интензивната и мирна средба.
Католичкиот свештеник Карл Хајнц Менке, еден од наградени разговараше со новинар на Радио Ватикан и истакна дека теологијата на Бенедикт XVI оди паралелено со длабока духовност. Кој ја проучува или поучува теологијата – додаде – не треба тоа да го работи затоа што извршува некое занимање, или истакнува некоја метода, туку како нешто што се однесува на него самиот. А Бенедикт XVI го живее тоа што го зборува – истакна накрајот Карл-Хајнц Менеке.
РВ/к.мк