Од Светото Евангелие според Лука (11, 47-12, 1)47. Тешко вам, оти им ѕидате гробници на пророците, што ги убија вашите татковци; 48. со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија пророците, а вие им ѕидате гробници. 49. Затоа и Божјата премудрост рече: »Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат«; 50. за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот; 51. од крвта на Авела па сè до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род. 52. Тешко вам, законици, оти го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакаат да влезат им попречивте.” 53. А кога го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го прашуваат за многу работи; 54. Го напаѓаа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста, за да Го обвинат. 1. Меѓутоа, кога се насобраа илјадници народ – така што се газеа еден со друг, Он почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од квасот фарисејски, што е лицемерие.
(…) Лесно е да се прават монументални згради во чест на поранешна големина која татковците ја убиле, туку да се преобратиш и да живееш според она што пророците со своите зборови, пораки и со својата појава го барале од своите современици. Треба да се промени ставот, мислењето, начинот на живот. Лесно е да се почитуваат светците, но треба да се направи покора и преобраќање. Лесно е да се подигнат мали капели покрај патот со ликот на Пресвета Богородица, или пак Пресветото Срце Исусово и Мариино, но треба да се живее свето, со секој во мир. Нема корист од величање на славното минато на некој светец, ако нашиот денешен живот не одговара на она што Господ од нас го бара. Свети Фрањо кажал дека за нас е голем срам да ги славиме светците и нивните дела, а да не ги наследуваме. Треба да го следиме тоа што тие во својот живот примерно го живееле. (…)
Закониците држејќи го во рацете клучот на спознанието, самите не влегуваат, а на другите им пречат да влезат. Исус пак уште како дете ги восхитува со своето знаење и мудрост оние во храмот. Да се има во рацете вистинскиот клуч за бравата значи конкретна можност да се влезе во куќата, во салата, во одреден простор. Овде Исус мисли на вистинското спознание на Бог. Овие „експерти“, стручњаци за законот се затвориле за Исусовото Слово и порака, за Исусовата личност. Неговиот повик за преобраќање ќе им го даде клучот и целосно ќе им овозможи да стапат во царството Божјо. Затоа е разбирлива реакцијата на фарисеите и книжниците и веќе јасно се наѕира и покажува Исусвата смрт во Ерусалим. (…)
Трагично е токму денес во време на академска теологија и теолошки студии на државни универзитети, многумина ја губат верата токму заради неверувањето на професорите. Професорите зборуваат за Бог, во Кој не веруваат, зборуваат за воскресението, за трансцеденцијата, а многумина веруваат само во ова видливото. И на крајот излегува дека на никој ништо не му недостасува, ако Бог го нема. Без Бог се може. Само на секој први нека пристигнува редовната заработувачка и плата. (…)
Исусовите зборови се целосно разоткривање на привидната религијата, на лага, на преправање. Ова е разоткривање на секакво прекривање, тргнување на маски, укинување и „демонтажа“ на сите варосани гробови, рушење на сите огради и бодликави жици на патот до царството Божјо. Затоа не е никакво чудо што Исусовите противници се гневни и гласно протестираат против Исус. Тоа беше пораката на Исус Назареецот – рушење на сѐ лукаво, лажно, дволично, фарисејско во нас и во нашата вера и во нашот однос кон Бог. Исус не им приговара на фарисите дека не се грижат за верата, туку убодот на критиката е упатен на профаноста, на ставањето акцент на надворешноста, додека срцето е далеку. Затоа ги предупредува своите за фарисејскиот „квасец“. Доволно е само малку квасец и целото тесто ќе е квасно, доволно е само малку надоврешност и привид, и целиот верски живот е расипан, световен. Исус го изгонил духот во пустината кој го искушувал да го претвори каменот во леб. Така треба и во нас да ја истера секоја трага на заведување, за да можеме да живееме во Бог, за Бог, со Бог, преку Бог.
Затоа и ние денес мораме да знаеме во што се впуштаме кога ќе тргнеме по Исус, кога сакаме во свој свет да го следиме Исус. Не е доволно да се вклучиме во мноштвото, да ракоплескаме на некој во милионската група; тој сака идентитет во личноста, а не идентифицирање со масите, со мислењето на мнозинството. Мноштвото понесува до таа мерка што човекот беспомошно со другите скандира на крајот „Распни го, распни го! Тргни го од лицето на земјата! Не смее тој повеќе да живее!“
Фра Томислав Перван/меѓугорје/к.мк