Папата напиша предговор за книга посветена на независноста на Латинска Америка

Папата напиша предговор за книга посветена на независноста на Латинска Америка

Изгледа Латинска Америка ја живее со вознемиреност и несигурност– напиша папата Фрањо во предговорот на новото издание на книгата „Сеќавање, смелост и надеж. Во светлината на 200 годишнина од независноста на Латинска Америка.“

Долгата депресија која ја предизвика светската економска криза ја обележа транзицијата која сè уште е актуелна, и која како што изгледа Латинска Америка ја проживева со вознемиреност и несигурност, со компромитирани политички структури, со сѐ поголемо сиромаштво и сѐ поголемо општествено исклучување на многу луѓе – напиша папата Фрањо во предговорот на новото издание на книгата „Сеќавање, смелост и надеж. Во светлината на 200 годишнина од независноста на Латинска Америка.“

Претставувајќи ја книгата Светиот Отец поставува клучни прашања: Што се случува во Латинска Америка? – прашува Папата. Што остана од називот „континент на надежта?“ Дали се вративме на идеологиите кои доведоа до економскиот неуспех и човечкото уништување? Откако ги постави тие прашања, папата Фрањо ги истакнува предизвиците и приоритетите: итно е потребно да се одредат и да се следат големите национални и латиноамерикански цели, со цврста согласност и движење на народот, без оглед на амбициите и световните интереси.

Потсетувајќи на пораката – како што напиша – до „својата сакана“ татковина по повод 200 годишнина од независноста на Аргентина во 2016 година, Папата вели дека ѝ се потребни дедовци и баби кои сонуваат, кои ги поттикнуваат младите, кои вдахнати од истите тие соништа, треба да одат напред со пророчката креативност. Самата таа пророчка креативност – вели Папата – се бара од пастирите на Црквата во Латинска Америка, надвор од било каков искоренет и апстрактен клерикализам.

Народите, посебно оние сиромашните и едноставните – пишува Светиот Отец – ги чуваат своите добри причини за живот и за соживот, за да сакаат и да се жртвуваат, за да се молат и надежта да ја одржуваат жива, и за да се борат за големи работи. Заради тоа сакам периоднично да се соединам со народните движења, гласноговорниците на неповредливата водечка идеја која гласи „стан, земја и работа“ за сите луѓе – истакнува на крајот папата Фрањо.

Автор на книгата е Гузман Карикури Лекур, заменик секретар на Папската комисија за Латинска Амрика. Објавена е по повод 200 годишнина од латиноамериканската независност, а ќе биде промовирана на 16 ноември на Слободниот универзитет Пресвета Богородица на небото вознесена (LUMSA) во Рим. За таа пригода е предивидено и излагање на Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот