Папата: Никогаш не робуваjте на парите

Папата: Никогаш не робуваjте на парите

Чувајте се од примамливоста и ропството на парите и повеќе вежбајте се во промовирањето и одбраната на еднаквоста и правдата во светот – истакна папата Фрањо на учениците и персоналот на „Institution des Chartreux“, приватно училиште во францускиот град Лион, кое го водат картузијанците, католичка монашка заедница, која во 1084 година во Франција го основа свети Бруно. Папата го изрази своето задоволство бидејќи додека учениците се подготвуваат за големите бизнис училишта за да остварат професионални кариери во финансискиот свет, Les Chartreux им нуди силна човечка, филозофска и културна димензија.

Важно е уште од сега, како и во идниот професионален живот, да се учите да бидете слободни од „примамливоста на парите,“ од ропството во кое парите ги водат оние кои ги обожаваат – нагласи Светиот Отец, додавајќи дека исто така е важно да се поседува сила и храброст за да не бидат слепо послушни на невидливата рака на пазарот. Според тоа – продолжи Папата – ве поттикнувам што подобро да го искористете своето време за школување за да се вежбате во промовирањето и одбраната на еднаквоста, и да станете вешти во чесното и соодветно управување на нашиот заеднички дом, светот.

Папата Фрањо понатаму ги поттикна да бидат одговорни за овој свет и за животот на секој човек поединечно. Никогаш немојте да заборавете дека „секоја неправда насочена против сиромашниот, претставува отворена рана и го намалува самото ваше достоинство,“ истакна Папата. На учениците им рече да пронајдат средства и време за да појдат по патот на братството за да се градат мостови меѓу луѓето, а не ѕидови, и тоа за да го додадете својот камен во градењето на поправедно и похумано општество. Светиот Отец своето обраќање го заврши така што ги поттикна присутните да работат за доброто и да бидат понизно семе за новиот свет.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот