Да, јас сум Христова невеста

Да, јас сум Христова невеста

На многумина им е чудно како некои во денешно време одат во манастир. Што ги поттикнало да ја донесат таа одлука? Како тоа се одлучиле да живеат без семејство? Дали тие се среќни? Во продолжение ви пренесуваме искуство на една монахиња по повод давањето на нејзините завети.

Вчера Исус ПОВТОРНО, ме прифати за Своја невеста, ПОВТОРНО ми се даруваше целиот, ми ја подари Својата доверба, Својата верност, Својата љубов, проштевајќи ми ги сите неверности во изминатите години! А јас од моја страна ПОВТОРНО му го подарив во целата слобода обврзувањето кон Него преку светите завети.

Во моментот на читањето на формулата се случи нешто прекрасно: се сретнаа Неговото и моето срце и се оствари размена на љубов… Неговото „Те сакам!“ го овозможи моето „Те сакам!“, а моето – го предизвика Неговото… Веднаш после тоа се случи претворбата на Даровите, односно Исус се принесе во Жрвата и ме прифати и мене како со-жртва со Него за спасение на сите души. Таа е најдлабоката суштина на монашкото посветување. А Божјата благодат никогаш не недостасува, таа понекогаш се чувствува опипливо, а друг пат веруваме во неа и така со верноста растеме во духовниот живот.

А немаме друга цел во животот освен да ја исполнуваме Божјата волја, со Негова помош, се разбира. Тоа што е важно според мене, е да знаеме и никогаш да не заборавиме, дека не сме оставени сами на себе, туку во секој миг Тој е со нас. Нормално е понекогаш да стравуваме, и тоа од себе, но доаѓа момент, кога треба да бидеме решителни и смели.

Кога човекот ја исполнува Божјата волја, нема од што да се плаши, порано или подоцна Бог ќе му подари за да почувствува мир, полнота и нова сила.

к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот