Папата: Евангелието треба да се навестува понизно

Папата: Евангелието треба да се навестува понизно

Евангелието треба да се навестува понизно, надминувајќи го искушението на горделивоста – поттикна папата Фрањо на светата Литургија на 25 април 2017 година во домот Света Марта, на празникот свети Марко Евангелист.

На светата Литургија присуствува и членовите на Кардиналскиот советот. Папата рече дека за христијаните е неопходно да „излезат за да навестуваат“. Истакна дека проповедникот секогаш мора да биде на пат и да не бара „гаранции за животот.“

Исус на своите ученици им даде послание да го навестуваат Евангелието, да не останат во Ерусалим, туку да излезат и на сите да им ја навестат Радосната вест. Папата Фрањо во својата проповед размислуваше за делот од Евангелието според Марко, во кој се опишува општото послание. „Евангелието секогаш се навестува на патот, никогаш седејќи, туку секогаш на пат,“ истакна Светиот Отец.

Папата рече дека христијаните треба да одат таму каде не се знае за Исуса или каде Исус се прогонува, или каде Исус е нагрден, за да се навести вистинското Евангелие. Се излегува за да се проповеда. Во тоа излегување се става во игра животот на проповедникот – рече папата Фрањо, предупредувајќи дека ако проповедникот бара гаранции за животот, тогаш не е вистински проповедник на Евангелието: тој не излегува надвор, туку останува каде што е сигурен. Евангелието секогаш се навестува во излегување, во одењето. Дали на физички, дали на духовен, дали на патот на страдањето: да се сетиме на навестувањето на Евангелието на многу болни кои го принесуваат своето страдање за Црквата, за христијаните. Тие секогаш излегуваат од себе – рече Светиот Отец.

Потоа се запраша каков е начинот на тоа навестување. Свети Петар, кој бил учител на свети Марко, јасно го опишува тој начин: Евангелието се проповеда во понизност затоа што Синот Божји се понизи. Тоа е Божјиот начин и не постои никаков друг. Навестувањето на Евангелието – рече Папата – не е ниту карневал, ниту забава. Евангелието – предупреди Папата – не може да се навести со човечка моќ. Тоа не е Евангелие. Затоа сите сме повикани повторно да се облечеме во понизноста едни кон други затоа што Бог се спротивставува на горделивите, а на понизните им дава милост (1Пет 5, 5).

А зошто е неопходна таа понизност? – праша Папата и продолжи: Токму затоа што го носиме напред навестувањето со понижувањето – слава, но преку понижувањето. Навестувањето на Евангелието поминува низ искушенија: искушението на моќта, горделивоста, световноста… Свети Петар од таа причина вели: „Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта; спротивете му се со тврда вера, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот.“ (1Пет 5, 8-9) Ако навестувањето на Евангелието е вистинско, тогаш доаѓаат и искушенијата – рече Светиот Отец додавајќи дека ако христијанинот тврди дека го навестува Евангелието, а никогаш не бил искушуван, тоа значи дека „ѓаволот не се грижи“ затоа што христијанинот проповеда нешто бескорисно.

Од таа причина – продолжи Папата – во вистинскиот проповедник секогаш постојат искушенија, па дури и прогони. Папата Фрањо истакна дека кога трпиме, Исус ќе биде овде за да нè обнови, да ни даде сила затоа што е тоа она што Исус го вети кога ги испрати учениците. Господ ќе биде овде за да нè теши, да ни даде сила да одиме напред затоа што Тој работи со нас ако сме верни на евангелското навестување, ако излегуваме од самите себе за да го навестиме Христос Распнатиот и ако имаме вистинска понизност. Нека Господ ни ја даде таа милост како крстени, сите ние понизно да појдеме по патот на евангелизацијата, да имаме доверба во Него, навестувајќи го вистинското Евангелие: „Словото стана Тело.“ Но, да бидеме свесни дека Господ ни е близу, дека работи со нас и го потврдува нашето дело – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот