Светиот Отец на 2 април 2017 година ќе биде во пасторална посета на бискупијата Карпи, во италијанската покраина Емилија Ромања – објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
По тој повод месниот епископ Франческо Кавина изрази радост за посетата на папата Фрањо кој – како што истакна – доаѓа да се сретне со Црквата која поминува по важниот пат на верата и која после последиците од земјотресот во 2012 година живее момент на надеж.
Целата христијанска и граѓанска заедница – стои понатаму во соопштението на епископот – по повторното отворање на катедралната црква, на 25 март срдечно и со наклонетост се собраа околу Светиот Отец за да слушнат од него зборови на охрабрување, за да продолжат да одат по патот во верата и надежта кој Тој за нив го зацртал, за уште повеќе Христос да ја зацврсти Црквата во Карпи.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк