Свети Иван Дамаскин

Свети Иван Дамаскин

Денес се слави свети Иван Дамаскин, свештеник и доктор на Црквата.

Свети Иван Дамаскин е роден во Дамаск во угледно семејство и студирал филозофија и теологија во Константинопол, под водство на монахот Кузман.

Безбожниот император Лав Исавријанин водеше безмислена војна против култот за светите икони, и Иван, зад поттикот на папата Грегориј III, се стави во одбрана со збор и перо. Толку голема беше омразата на императорот кон него, со што го обвини за предавство во калифатот во Дамаск, каде што Светецот работеше како административен службеник. Поверувано на обвинението, му беше отсечена десната рака, со цел да биде принуден да го остави перото. Богородица, на која бил посветен, сакаше да ја манифестира невиноста на својот верен слуга со што направи да триумфира, и му ја поврати раката, не оставајќи ни најмала трага на местото каде била отсечена.

Светецот тогаш, трогнат и исполнет со благодарност, го направи тоа што одамна мислел да го направи: се откажал од светот, ги раздeлил сите свои богатства, им подарил слобода на слугите, патувал како поклоник низ светите места на Палестина и на крај со својот учител Кузман, се повлекол во манастирот свети Сава во близина на Ерусалим, каде што подоцна бил ракоположен за свештеник.

Никогаш тој не се откажал од задачата да го брани култот за светите икони. Со тоа го разгневил новиот император Костантин Копроним. Заради неговите дела во одбрана на христијанската вера, заради неговата елоквенција на вториот Собор во Никеа бил наречен „Хрисороас“ или „Златоречив“.

Ги победи сите еретици од своето време, иконоборците и монотелистите. Го докажа приматот на Првенецот од Апостолите, неговата институција на универзален учител, непогрешивоста на Црквата. Сите негови списи не се само одлични за учење и научување, туку исто така тие се извор за побожност, а особено за посветеноста на Пресвета Богородица. Свети Иван Дамаскин бил прв кој светата теологија ја развивал методолошки, така отворајќи го патот на свети Тома Аквински.

Починал околу 749 година. Папата Лав XIII го прошири честввуањето на целата Црква и го овенча со ореолот доктор.

Овој Светец, на посебен начин, се разликуваше во цврстинатаja на карактерот, во понизноста и во послушноста. Еднаш кога направил неколку кошеви, му беше наредено да оди и да ги продаде во Дамаск, каде бил административен службеник: слепо послушал, и на местото каде добивал многу почести, бил покриен со потсмев и исмејување. Тој со радост сѐ поднел, за да биде сличен на Исус Христос. Во својот религиозен живот (…) постојано бил модел и пример за своите собраќа.

МОЛИТВА

Семоќен и Вечен Боже, кој за да го потврди култот за светите икони си го исполнил блажениот Иван со небесна доктрина и со прекрасна цврстина на духот, дај ни преку неговото посредување и неговиот пример, да го следиме во доблеста и да го искусиме покровителството на оние кои ги почитуваме нивните икони.

Санто Дел Џорно/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот