Во просториите на парохијата „Свети Никола“ во Секирник во недела 20 ноември се одржа средба со духовен-информативен карактер. Темата на средбата беше анимирање на верниците за поголем каритативен-волонтерски ангажман, а како пример беше земен животот на света Мајка Тереза.
Се зборуваше и разговараше за љубовта кон ближниот, која е причината за вистинското каритативно односно волонтерско делување во животот на секој христијанин. Посебно беше нагласено, дека предизвикот за каритативен-волонтерски ангажман треба да биде прифатен и да биде обележје на секој христијанин. И желбата на Исус Христос да се остварува и исполнува во секојдневниот живот: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици“ (Ив 13,35).
к.мк/о.Д.Г.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк