Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Фил Малрајн, познатите стихови на навивачката песна „Glory, glory Man United“ наскоро ќе ја замени, со друга, со уште попознатите зборови од древната црковна химна “Glory to Got in the Highest (Слава на Бога во висините)“.
Некогашниот фудбалерски репрезентатвец на Северна Ирска и соиграч на Рајан Гигс и Дејвид Бекам во познатиот англиски клуб, наскоро ќе биде ракоположен за свештеник.
Овој 38 годишен Ирец својата фудбалска кариера ја започна во 1994 година во Манчестер Јунајтед, а потоа играше за Норвич и некои помали европски клубови. Поради повреда во 2008 година мораше да ја прекине фудбалската кариера, а после неговото враќање во Ирска неговиот живот целосно се преобразил.
Од „лошо момче“ кој заради прекршувањето на правилата и несоодветно однесување бил надвор од репрезентацијата, Малрајн стана член на Доминиканскиот ред, а во 2008 година станал кандидат во Понтификалниот ирски институт во Рим, каде што почнал да се подготвува за свештенството.
Поранешниот играч од средниот ред на националниот тим на Северна Ирска на свештеничкиот позив го поттикнал бискупот Ноел Тринр од Конорската бискупија, откако Малрајн го напуштил фудбалот и се вклучил во каритативните активности.
Целосно да му се предадеш на Бога преку прифаќањето на евангелските совети, да го имаш Бога како пример и покрај слабостите и недостатоците да имаш доверба во Него дека со Своето милосрдие ќе нѐ преобрази и да ја пренесуваш радоста во спознавањето (на Бога) на сите оние кои ги среќаваме. Тоа за мене е идеалот од Доминиканскиот живот и една од главните причини кои ме привлекоа во Редот – истакнува Малрајн.
Неговиот поранешен соиграч од Норвич. Пол Мек Вајк, го посетил својот пријател во Рим и бил изненаден од неговата промена.
На мое изненадување, а веројатно и на остатокот од фудбалскиот тим, Фил одлучи да стане свештеник. Бев во контакт со него и знаев дека го променил својот живот занимавајќи се со добротворна работа и помагајќи им секоја недела на бездомниците. Сепак, бевме изненадени од неговата одлука – рече Мек Вајк.
Битно нет/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма