Папата: Родовата идеологија е голем непријател на бракот

На 1 октомври 2016 година попладне папата Фрањо во црквата Успение на Пресвета Богородица се сретна со свештениците, монасите, монахињите, семинаристите и пасторалните работници.

Папата во својот говор го нарече соживотот на многу различни христијански обреди и конфесии „убавината на овошната салата“. Истакна дека католиците и православните се браќа: и едните и другите веруваат во Тројството. „Треба да го негуваме меѓусебното пријателство, заедно да одиме напред, да се молиме едни за други и заедно да делуваме каритативно, Тоа е екуменизам! Но, никогаш да не се осудува,“ рече папата Фрањо.

Енергично говореше за „мрачните моменти“ кој секој христијанин, па и на Бога посветените лица ги имаат. „Она што треба да се прави во таквите моменти е следното: да застанеш и да се присетиш – присети се на оној момент во кој ме допре Светиот Дух.“ Сите луѓе се грешници, па и свештениците и монасите и монахињите, „но милосрдието Божјо е многу поголемо отколку нашите гревови.“

Една жена сведочеше за искуството од мешан брак и Папата ја искористи можноста за да проговори за бракот. „Бракот е нешто најубаво што Бог го создал.“ И мажот и жената – според сведоштвото на Книгата Битие – се создадени како „Нашиот образ и подобие.“ Светиот Отец знае колку може да има потешкотии во еден брак, но кој ќе се раздели од својот партнер, тој – на одреден начин – го ранува самиот Бог затоа што Бог сака заедништвото на мажот и жената, да биде слика на Него самиот.

„Потребно е да се преземе сè што е можно за да се спаси бракот! Кавгите во бракот се сосема нормални, тоа знае да се случи. Понекогаш летат и чинии! Но, ако станува збор за вистинска љубов тогаш веднаш доаѓа помирувањето“ истакна папата Фрањо и додаде дека постојат и „сложени ситуации“, но „ако се појави искушение, тогаш побарајте помош!“ Ги поттикна католичките заедници да помогнат во „спасувањето на браковите!“

„Голем непријател на бракот е родовата идеологија. Денес владее светска војна против бракот. Не се води со помош на оружје, туку со помош на идеолошка колонизација. Заради тоа е важно да се брани бракот од оваа колонизација!“ – заврши папата Фарњо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот